Македонскиот доктор, кој е модна икона во Бугарија и има прекар Кен, стана татко на близнаци (фото)

„Му благодарам на Бога“ – напиша Панче Димитриев до првата фотографија од неговите новороденчиња. Докторот со македонско потекло, кој долги години наназад живее и работи во Бугарија, и е познат по ексцентричниот моден стил, сега се пофали дека станал татко на близнаци. Досега јавно нема откриено дали е вљубен.

nash-doktor-prepoznatliv-po-ekscentrichnite-modni-izdanija-se-pofali-deka-dobil-bliznaci-mu-blagodaram-na-boga-01.jpg

Нашиот доктор Панче Димитриев кој долги години живее и работи како хирург специјалист по ортопедија и трауматологија во Бугарија се пофали дека станал татко на близнаци.

Панче на својот Инстаграм профил објави фотографија со бебешки ноџиња и до неа во описот откри дека станал татко на близнаци, а на дечињата им ги дал имињата Атина и Филип.

Тој откри дека близнаците се родиле на 30-ти мај годинава.

Инаку, Панче ѝ е добропознат на бугарската јавност заради своите ексцентрични модни изданија во кои се појавува на модните настани и многупати е прогласуван за еден од најголемите трендсетери во Бугарија.

Панче средното образование го завршил во Штип, а потоа се преселил во Пловдив, каде го завршил високото образование и каде денес живее.

На Инстаграм тој има над 277.000 следбеници, а редовно е фотографиран со познати личности во Бугарија, од светот на модата и музиката.

Погледнете повеќе фотографии од него во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg