Почина легендарниот македонски композитор Кире Костов

„Лесно ти небо маестро“ - напиша Игор Џамбазов во објавата на Инстаграм Стори со која му оддаде почит на композиторот Кире Костов кој почна денес.

pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor-kire-kostov-01.jpg

Денес (27.07) по подолго боледување почина легендарниот македонски композитор Кире Костов. 

„Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ - се само некои од песните по кои ќе остане запамтетен.

Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. А освен што компонирал модерна поп музика, автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот.

Кире Костов беше еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си – до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година.

Тој беше и уметнички директор на фестивалот за популарна музика „Интерфест“ -  Битола за популарна музика.

Добитник е на бројни награди и признанија.

Игор Џамбазов во Инстаграм Стори објави фотографија од Кире Костов и на неа напиша:

„Лесно ти небо маестро“

pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor-kire-kostov-03.jpg

„Почивај во мир, драг мој Кире“ - напиша Ивона Јо.

pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor-kire-kostov-04.jpg

„Септември ‘97, на почетокот од мојата музичка кариера имав чест и привилегија првата песна да ја напише Маестро Кире Костов… Сонот стана јаве, композиторот на „Твоите очи сине“, „Кога те нема“… ќе твори за мене.

На среќата и немаше крај…Сите негови композиции имаат возвишена емоција, а тој ќе продолжи да живее преку неговите нив.

Почивај во мир Маестро, сочуство до семејството“ - напиша Маја Вукичевиќ на Фејсбук.

https://www.facebook.com/maja.m.vukicevic/posts/pfbid022XYR8qmDo2BDzBpkeE1LjaFnSCVAbndfr1hELJ2Ys5ajTcNkKRLBMa3gU7Bm6Gjwl

„Мојот Дедо Кире... Ангелче ме викаше. Ја напиша мојата песна 'За нас' и за првпат на 'Макфест' освоив 3-то место. Подоцна и 'Погледни ме'... Не успеавме да направиме уште една песна. Почивај во мир ќе ми недостасуваш“ - напиша Антониа Гиговска.

pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor-kire-kostov-05.jpg

„Растевме и созревавме со неговите композиции, до ден денеска омилени кај сите генерации. Почивај во мир, драг чичко Кире Костов. Искрено сочувство до целото семејство“ - напиша Тамара Тодевска.

pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor-kire-kostov-povekje-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg