Почина Гоце Арнаудов

pocina-goce-arnaudov-povekjeЛегенда на македонската музика. Еден од најголемите македонски патриоти кој ја претставуваше гордо нашата земја низ целиот свет. Човекот кој...


...знаеше да ги развесели сите – од најмлади до најстари. Човекот кој беше дел од голем број наши убави моменти. Почина Гоце Арнаудов, на 52 годишна возраст. Тој не успеа да ја победи битката со ракот.

Нам ни останува да го помниме по убавите песни кои ни ги остави зад себе и неговиот незаборавен глас.

Кратка биографија

Гоце Арнаудов (1959-2011) е роден во Струмица на 19 август 1959 - 6 декември 2011 година. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк фест - Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. До ден денешен Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија[1]. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостува на публиката во Европа , Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот и собира 10 илјади публика, а раководството на областа му дава награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

pocina-goce-arnaudov

Лесна му земја, нека почива во мир.

Би можело да ве интересира:

Марјана Станојковска блесна на Охрид Фест, Јелена Спенџарска со мајка ѝ и баба ѝ на свадба: Што прав... Аделина Тахири со сестра ѝ на плажа покажа дека гените се чудо, Марјана Станојко...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
„Дама се раѓа, браво девојко“ – Нашата Барбара Поповиќ го воодушеви регионот со настап во српско муз... „Е, ова е пример како треба да изгледа и звучи пејачка. Значи можело да изгледа ...
Комеморација за Мирко Попов во Македонската филхармонија на 5 април Комеморацијата за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, компози...
Соопштение од ЗОО: „Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО“ Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 г...
Дац и Александар за CRNOBELO: „Запознавме човек кој до денес се кае што не ја земал за жена својата ... „Тој бил богат, а таа сиромашна - два различни света, а љубов голема. Човекот е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg