Спектакуларно запросување на Македонка во Истанбул - на јахта, со огномет и дијамантски прстен (фото)

Петар од Прилеп ѝ приреди магично запросување на неговата сакана Јована од Свети Николе, на денот на нивната годишнина на јахта во Истанбул. Во изјава за CRNOBELO.com, Јована не ги крие емоциите и вели дека е пресреќна што нејзиниот свршеник го испланирал магичниот миг до детаљ.

vechera-na-jahta-ognomet-i-dijamantski-prsten-spektakularno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-istanbul-foto-01.jpg

Петар (31) од Прилеп и Јована (25) од Свети Николе веќе 10 години се во врска, а 3 години заедно водат приватен бизнис.

vechera-na-jahta-ognomet-i-dijamantski-prsten-spektakularno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-istanbul-foto-07.jpg

Јована во голем дел од времето е посветена на нејзиниот Инстаграм профил и објавува најразлични содржини, а неодамна се пофали и со магичното запросување што ѝ го приредил свршеникот.

„Запросувањето се случи на јахта во Истанбул, баш на денот на нашата годишнина, 30-ти септември.

Тогаш ми кажа дека ќе ме однесе во некој ресторан што се наоѓа од другата страна во азискиот дел на Истанбул, по тој повод да прославиме и дека јахтата само ќе нѐ однесе дотаму“ – раскажува за CRNOBELO.com, Јована.

vechera-na-jahta-ognomet-i-dijamantski-prsten-spektakularno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-istanbul-foto-12.jpg

Таа вели дека целиот настан бил испланиран до детаљ.

„Веќе кога влеговме во јахтата имаше организирано вечера со свеќи и тивка музика, па за момент насетив дека ќе се случи такво нешто.

vechera-na-jahta-ognomet-i-dijamantski-prsten-spektakularno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-istanbul-foto-13.jpg

Ми подари букет црвени рози, кутија со балони и честитки со пораки за годишнината.

Така додека се возевме, на мостот на Босфор го прочитав моето име, и веднаш потоа и реченицата „Will you marry me?“, во тој момент и ме праша дали сакам да се омажам за него. Кога одговорив „Да“ , следуваше и огномет.

Најголем впечаток секогаш ми остава кога сѐ е испланирано до детаљ, се запознавме на гондола која наликува на брод во луна парк, а запросувањето симболично се случи на јахта.

Исто така, ми остави впечаток со тоа што годишнината и запросувањето се на ист датум и можеби како најважно, дека се случи во еден од омилените градови што сакав да ги посетам.

Голем впечаток ми остави и уникатноста на самиот прстен. Одлично ме познава и знае дека сакам кога работите имаат и пренесуваат некаква порака“ – вели таа.

Јована открива дека воопшто не ни насетувала дека Петар планира запросување, затоа што вешто успеал да ги скрие сопствените намери, сѐ до последниот момент.

„Ние се договоривме да одиме неколку дена во Грција, Турција и Истанбул воопшто не беа во план, веќе резервиравме во Грција за два дена по нашата годишнина.

Ме извести ден пред да заминеме дека сака да ме однесе за годишнината на место што јас отсекогаш сум сакала да го посетам.

vechera-na-jahta-ognomet-i-dijamantski-prsten-spektakularno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-istanbul-foto-08.jpg

Сѐ додека не стигнавме на границата Грција - Турција, јас бев убедена дека ќе бидеме уште два дена во Грција само на друго место“ – вели таа.

Инаку, Петар за разлика од голем број други мажи што мака мачат за тоа како да го сокријат прстенот додека се на патување, имал малку поинакви планови.

„Претпоставив дека сака да ме запроси, но не бев сигурна сѐ до моментот кога ми рече дека ќе отиде до автомобилот бидејќи заборавил нешто, а „магично“ исчезна на час и пол.

Всушност тогаш заминал за да го купи прстенот. Прстенот го купил од Истанбул, бидејќи само таму и бил достапен тој модел.

Па, голем удел имало и тоа во одредување на местото за запросувањето. Така што немало никаква можност за да го видам“ – открива таа.

vechera-na-jahta-ognomet-i-dijamantski-prsten-spektakularno-zaprosuvanje-na-makedonka-vo-istanbul-foto-03.jpg

Погледнете уште неколку фотографии од Јована и Петар на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дечко од Тетово ја запроси саканата на крузер додека крстареа низ Италија, Шпанија и Франција (фото) „Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Ита...
Со љубовно писмо, Петар ја запроси саканата Верица на Св. Јован Канео во Охрид „Петар ми пишува преубави писма, па кога седнавме спроти Св. Јован Канео, извади...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg