„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево

„'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да не се расплачам. Како ќе ги испеам денес, на денот на неговиот роденден, навистина не знам. Се молам да издржам“, кажа Ивона Јо за CRNOBELO.com пред концертот во Спомен куќата на Тоше во Крушево.

ивона-01.jpg

Во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, пејачката Ивона Јо денес (25.01) го одржа концертот насловен „Ангел си ти“. Настапот за кој се подготвува од март 2023, кога првпат ѝ кажале дека сакаат токму таа да пее на 43-иот роденден на Тоше, вели ѝ разбудил многу емоција и пред да запее.

„Не знам како ќе пеам без да заплачам. Се молам да издржам“, вели таа за CRNOBELO.com.

ивона-тоше-06.jpg

Во еден час, колку што трае концертот, таа и нејзиниот бенд ги испеаја омилените песни од Тоше и со тоа го одбележаа денот на неговото раѓање, 25 јануари.

Ивона, чиј настап не поминува без неколку хитови од омилениот македонски пејач, вели дека често знае да се расплаче кога ги пее неговите песни.

ivona-koncert-tose-02.jpg

„Омилени песни од Тоше ми се две и тоа 'Го молам ноќва небото да ми те врати' и 'Боже чувај ја од зло'.

Самиот мотив и во двете песни е дека него веќе го нема и дека го моли Бога да ја чува неговата сакана.

Не можам, а да не се наежам дур ги пеам овие две песни, кои ми даваат чувство на празнина во душата бидејќи него веќе го нема.

Иако, секогаш кога пеам негови песни и сум присутна во моментот - го чувствувам неговото присуство низ стиховите и мелодиските линии. Тој живее низ неговите песни во нас“, вели Ивона.

ивона-тоше-04.jpg

Таа ни откри и дека најтешки песни за пеење ѝ се „Игри без граници“ и „Полско цвеќе“.

„Не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да не се расплачам.

Како ќе ги испеам денес, на денот на неговиот роденден, навистина не знам. Се молам да издржам…“, искрена е таа.

ivona-koncert-tose-04.jpg

Ивона за овој настап се подготвувала повеќе од 10 месеци.

„Датумот го знам од март 2023. Огромна чест и задоволство ми претставува тоа што токму јас сум избрана да пеам на еден ваков голем ден. И тоа не каде било, туку во неговиот меморијален центар.

Задоволството е големо, но и голем предизвик е еден час да пееш песни од нашиот великан.

А, јас знам дека ќе биде тука и ќе нè слуша“, ни кажа Ивона.

ivona-koncert-tose-03.jpg

Пред концертот, Ивона го посети и гробот на Тоше каде што положи цвеќе, а запали и свеќа.

ivona-koncert-tose-05.jpg

ivona-koncert-tose-07.jpg

На гробот, како и сите претходни години, имаше роденденска торта. Овој пат тоа беше торта со неговиот лик, со златни детали и свеќички со бројот 43.

Повеќе фотографии и видеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова гневна откако нејзиниот син бил жртва на врснички булинг - ѝ се обрати јавно на мајката ... „Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние рег...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg