Психолошка поддршка и советување за учениците од „Песталоци“ по убиството на Вања Ѓорчевска

Децата, родителите и наставниците во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции.

po-ubistvoto-na-vanja-gjorchevska-nejzinoto-uchilishte-organizira-psiholoshka-poddrshka-i-sovetuvanje-za-uchenicite-i-nivnite-roditeli-01.jpg

Еден ден откако во јавноста се дозна за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која беше 9-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, од училиштето најавија советување и психолошка поддршка за учениците.

На нивната Фејсбук страница тие најавија дека во наредниот период не само учениците, туку и нивните родители ќе може да разговараат со стручни лица за тоа како да се справат со емоциите.

„Во овие тешки мигови, кога тагуваме по Вања, сакаме да потенцираме дека училиштето е безбедно место во кое децата можат да добијат психолошка поддршка и советување.

Денеска се одржа редовна настава за учениците од прво до петто одделение, додека со учениците од шесто до деветто одделение работеа одделенските раководители со цел да им се даде поддршка и помош во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции.

po-ubistvoto-na-vanja-gjorchevska-nejzinoto-uchilishte-organizira-psiholoshka-poddrshka-i-sovetuvanje-za-uchenicite-i-nivnite-roditeli-05.jpg

Децата, родителите и наставниците и во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка.

Во целиот процес се вклучени и надворешни стручни лица, психолози и психијатри, со цел да им се помогне на учениците, но и на родителите, да се соочат со траумата и да го сочуваат менталното здравје“, велат од училиштето.

Таму денес беше отворена и книга на жалост во чест на Вања.

psiholoshka-poddrshka-i-sovetuvanje-za-uchenicite-od-pestaloci-po-ubistvoto-na-vanja-gjorchevska-01.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Негрижата на властите - ризик по здравјето на децата! Во нашиот главен град Скопје и во неколку други градови во државата, квалитетот ...
Тамара на летување со децата во Грција – ги одведе во циркус, се возат на фотелја додека ги влече гл... Тамара Тодевска на една од фотографиите откри и дека на летување со нив е Марко ...
Потег за пофалба: Ученици и наставници во битолска гимназија ги оставаат телефоните во кутии додека ... Во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, учениците и наставниците ги оставаат ...
Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно, пееја на свадба на заеднички пријател во Охрид (видео... „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека ...
И годинава украсена подводната елка во Охридското Езеро – нуркачите ја посветија на дечињата со ретк... Традиционално, и годинава нуркачките од центарот Амфора накитија елка во водите ...
Елена Божиновска – млада инфлуенсерка со светско признание за хуманитарна работа, која се бори за де... Младата Елена Божиновска, која веќе извесен период живее во Италија и е стипенди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg