Маврово, Копаоник, Алпи: Каде зимуваа познатите Македонци?

Едни се забавуваа на снегот на нашите планини, други избраа дестинации во соседството, а трети заминаа во Италија. Каде уживаа(т) на зимување познатите Македонци оваа сезона?

mavrovo-kopaonik-alpi-kade-zimuvaa-poznatite-makedonci-01.jpg

Зимската сезона е во полн ек, а Македонците и оваа година избраа локации во земјава, во соседството, но и низ Европа за да уживаат на снегот, скијаат и бордаат и дишат свеж планински воздух.

А, каде заминаа оваа зима познатите Македонци? 

Тамара Тодевска неколкупати од почетокот на зимската сезона беше на Маврово со децата, а модниот дизајнер Златко Јовановски ја посети Попова Шапка, која е веднаш над неговото родно Тетово.

Водителот Ненад Георгиевски со семејството беше во Банско, во соседна Бугарија. Во Банско беше и поранешната кошаркарка и фитнес тренер Едина Муса.

Копаоник како дестинација го избраа водителките Лила Филиповска и Марјана Станојковска, но и пејачката Викторија Лоба.

И модната креаторка и инфлуенсерка Маја Кикириткова беше во Србија, но таа како дестинација го избра Златибор.

Актерите Емра Куртишова и Петар Стојановски се забавуваа на планината Кожуф.

Музичарот Бока Конга, пак, го искористи периодот околу празниците да замине на скијање на италијанските Алпи.

Погледнете ги фотографиите во галеријата:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кај нас летаа кровови, во Италија тече замрзната „река“ по улиците – По топлотниот бран, невреме во ... Кај нас од силниот ветер летаа кровови, улиците и подвозниците беа поплавени, а ...
Андријана Јаневска на полициски мотор во Италија, Викторија Лоба со сопругот на море – Што прават ма... Минатиот продолжен викенд голем број од македонските ѕвезди го искористија да за...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...
Миа Костова - бикини со висок струк, Мартија Станојковиќ - храбри модели: Kaкви костими за капење из... Топлите летни денови ги намамија познатите дами на плажа, а тие покажаа дека одл...
Тијана Дапчевиќ во кул стајлинг во Скопје со специфични чорапи, по забавата со колегите од „Преспав“ Тијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието со својот специфичен моден стил,...
На 40 степени е најубаво да се разладиш на Матка - скопјани уживаат на пикник и капење во Треска (фо... Постојат три периоди во годината кога Матка е омиленото место на скопјани – за 1...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg