Ледената Бетика во шорц се качи на Алпите и го развиори македонското знаме

„Радувај се Македонијо, Бетика штотуку ги искачи Алпите во шорц. Исто така, Бетика беше најмладата личност на оваа експедиција! Каков прекрасен ден. Да веруваме во себе, во нашиот потенцијал и сила и да ги рушиме сите граници“, напиша на Инстаграм ледената Македонка, откако го исполни екстремниот предизвик.

ledenata-betika-vo-shorc-se-kachi-na-alpite-i-go-razviori-makedonskoto-zname-01.jpg

Бети Котовчевска од Ресен, позната и како ледената Македонка Бетика, си го исполни сонот и се качи на Алпите во Франција, со експедиција организирана од Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар кој во светот е познат како Ледениот човек (The Iceman).

Експедицијата ја предводеше неговиот инструктор Леандре, познат како Леденото момче (Iceboy).

ledenata-betika-vo-shorc-se-kachi-na-alpite-i-go-razviori-makedonskoto-zname-03.jpg

По долгите подготовки во Македонија, каде секојдневно се капеше во студени води на екстремно ниски температури, Бетика имаше подготовки и во Франција, заедно со останатите членови на експедицијата.

Тие учеа техники на дишење, се капеа во вода со мраз, вежбаа и го подготвуваа телото за искачувањето на Алпите.

ledenata-betika-vo-shorc-se-kachi-na-alpite-i-go-razviori-makedonskoto-zname-02.jpg

Откако вчера (05.02) Бетика го заврши екстремниот предизвик и стигна до целта, го развиори македонското знаме.

Таа објави и неколку фотографии и видеа на својот Инстаграм.

ledenata-betika-vo-shorc-se-kachi-na-alpite-i-go-razviori-makedonskoto-zname-04_copy.jpg

„Радувај се Македонијо, Бетика штотуку ги искачи Алпите во шорц. Исто така, Бетика беше најмладата личност на оваа експедиција!

Каков прекрасен ден. Да веруваме во себе, да веруваме во нашиот потенцијал и сила, да се истражуваме себеси и да ги рушиме сите граници.

Денес само си ја гушнав најсилно мојата мала Бети и реков: Успеавме кралице!“

ledenata-betika-vo-shorc-se-kachi-na-alpite-i-go-razviori-makedonskoto-zname-02_1.jpg

Експедицијата трае до 07-ми февруари, по што Бетика се враќа дома.

ledenata-betika-vo-shorc-se-kachi-na-alpite-i-go-razviori-makedonskoto-zname-01_1.jpg

Прочитајте и Ледената Македонка Бетика се расплака пред експедицијата на Алпите: Татко ѝ со моторна пила нацрта срце во мразот

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледената Македонка Бетика ужива на одмор во Занзибар - танга бикини, дружба со гигантски желки (фото... „Ако некој ми речеше дека после Лапонија ќе завршам во Африка, сигурно ќе им се ...
Ледената Македонка Бетика се расплака пред експедицијата на Алпите: Татко ѝ со моторна пила нацрта с... „Тато мрази ладно, особено на стапалата, но дојде со мене на тренинг. Јас не зна...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Елена Најдоски во Грција, Владимир Четкар на Охридско Езеро - Кои познати Македонци ја дочекаа есент... Едни во Грција, други во Турција, трети на Јадранско Море - многу познати Македо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg