Крушата под круша паѓа - Деца на македонски актери кои тргнаа по стапките на родителите

Талентот за глума во семејството на некои од македонските актери се наследува со генерации. Тони Михајловски и неговиот син отворија и школа за актери, а актерката Дубравка Киселички и нејзината наследничка денес ја делат театарската сцена.

od-roditelite-go-nasledile-talentot-za-gluma-koi-se-decata-na-poznatite-makedonski-akteri-01.jpg

Љубовта и наклонетоста кон „штиците кои живот значат“ можат да се наследат од своите блиски, а ова се некои од нашите актери кои талентот за глума го наследиле од своите родители.

Некои од нив ја делеле сцената со своите родители, но некои за жал, ја немале таа среќа, барем засега.

Децата на македонските актери кои го наследиле талентот од родителите:

Ристо и Васил Шишков

Великанот на македонското глумиште, Ристо Шишков, освен во театарските претстави има оставено силен впечаток и со филмските улоги. 

Иако беше активен кратко време, создаде и остави брилијантни улоги и дела.

Неговиот син Васил го наследи неговиот талент за глума, а со неговите улоги пораснаа многу генерации.

Последната улога која ја одигра е улогата за која веројатно беше најсреќен – го глумеше својот татко.

Ристо почина на 46-годишна, а Васил на 44-годишна возраст.

od-roditelite-go-nasledile-talentot-za-gluma-koi-se-decata-na-poznatite-makedonski-akteri002.jpgфото: Википедија

Тони и Александар Михајловски

Еден од најпопуларните и најдобри актери кај нас, но и на Балканот, Тони Михајловски, и неговиот син Александар кој тргна по неговите стапки и од 2019 година е вработен во МНТ, заедно го отворија и актерското студио „Михајловски“.

Дубравка и Пируника Киселички

Талентот за глума во семејството Киселички се наследува со генерации.

Дубравка, ќерката на актерката Снежана Киселички, беше една од најмладите актери во првата постава на Македонските народни приказни.

Најубава принцеза, добра девојка или самовила се улогите кои таа секогаш ги добиваше.

Денес, сцената ја дели со својата ќерка Пируника во претставите на „Театар Колозов“.

od-roditelite-go-nasledile-talentot-za-gluma-koi-se-decata-na-poznatite-makedonski-akteri-05.jpgфото: Фејсбук

Драган Спасов - Дац и Јаков Спасов

Македонскиот музичар и актер Драган Спасов - Дац од 1992 година работи како актер во Драмски театар, а досега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти.

Неговиот постар син Јаков исто така е дипломиран актер и од 2019 година работа во Театар Комедија.

od-roditelite-go-nasledile-talentot-za-gluma-koi-se-decata-na-poznatite-makedonski-akteri-06.jpgфото: Фејсбук

Ненад и Силвија и Ана и Јана Стојановски

Еден од најголемите фраери меѓу актерите, исто така великан, Ненад Стојановски со своите улоги остави траен белег во македонското глумиште.

Плод на долгогодишната љубов со актерката Силвија се нивните две ќерки Ана и Јана, кои тргнаа по нивните стапки и се едни од најдобрите македонски актерки од помладата генерација.

od-roditelite-go-nasledile-talentot-za-gluma-koi-se-decata-na-poznatite-makedonski-akteri-07_copy.jpg

Весна Петрушевска и Мина Тренковска

Весна Петрушевска, позната и под нејзиниот прекар „Бејби“, својата актерска кариера ја започнала кога имала само 14 години.

Петрушевска глумела во голем број филмови и серии, но и македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“, „Вагинални монолози“ и нејзината најпозната претстава: „Госпоѓа Министерка“, која е изведена над 150 пати.

Нејзината ќерка Мина глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а имаше улога и во детската театарска претстава „Нашата љубов“.

od-roditelite-go-nasledile-talentot-za-gluma-koi-se-decata-na-poznatite-makedonski-akteri-08.jpgфото: Инстаграм

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пар направи забава за откривање на полот на детето во паркче во Тафталиџе, со балони и нивното куче ... „Времето беше против розовите балони и како да знаеше ветерот ги дуваше баш нив ...
Кристина Димитри горда на синот: „Му го даде својот оброк на детенце што бараше храна, неговата добр... „Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син. Додека јадевм...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Малиот Јосиф и мама Ирина Дишовска се дома - прва фотка од Павле Камилоски со синот Ирина Дишовска, која имаше навистина активна бременост, сега веќе е дома, а музи...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg