Кој е човекот што Тијана Дапчевиќ го љуби со години - ретко е во јавност, заслужен е за нејзината среќа

Се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор и по само 4 дена решиле да започнат заеднички живот. Што знаеме за љубовната приказна на Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сак кој ретко се појавува во јавност?

koj-e-chovekot-shto-tijana-dapchevikj-go-ljubi-so-godini-retko-e-vo-javnost-zasluzhen-e-za-nejzinata-srekja01.jpg

Тијана Дапчевиќ е препознатлива по својот уникатен стил кој го негува со години.

Важи за еден до најдобрите вокали во регионот, но кога станува збор за приватниот живот не се знае многу.

На 28 април 2001 година стапи во брак со Милан Дапчевиќ со кого го има синот Вук.

„Милан имаше свој стан во Сомбор, каде што го поминавме цело лето, а есента се преселивме во Белград, бидејќи во тоа време почнав да работам како водител на телевизијата „Пинк“ -  изјави во една прилика Тијана за српскиот портал Hello.

„Милан го запознав на место каде што не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што не можам да поднесам спорт. Оттогаш двајцата трпиме сè. И оттогаш сите мисли ми почнуваат со множина“ - напиша Тијана пред неколку години по повод 18-годишнината од бракот.

Интересно е тоа што тие се во брак повеќе од две децении, но Милан многу ретко се појавува во јавноста, а Тијана ја почитувала неговата одлука да биде што подалеку од очите на јавноста.

„Милан е човек од сенка. Тој едноставно е човек кој не сака особено да се фотографира. Секогаш е во стил: „Ајде, не ме ставај на Инстаграм!“.

Додека сè уште работевме заедно, додека тој беше мој продуцент, постојано велеше да одам некаде сама, а тој не сакаше никаде да се појавува“.

Oткако Милан се откажа од музиката тој започна да се занимава со земјоделство.

Во јавноста низ годините се пишуваше дека нивниот брак, како и секој друг, не бил секогаш мед и млеко.

Се пишуваше за скандали кои предизвикаа големо внимание во јавноста, во 2015 година повторно се шпекулираше дека имаат брачна криза, наводно и дека Тијана одлучила да се разведе но парот се избори со сите предизвици и останаа заедно сите овие години, а центарот на вниманието е нивниот син Вук.

„Се пишуваше дека Милан ме изневерил, но јас не негирав бидејќи нас не нè интересира такво нешто. Не ме изневерил, ниту јас него!

Сите овие години не погледнав во друг маж, бидејќи во мојот сопруг имам сè! Тоа беше и останува љубов на прв поглед. Можеби го изневерував со Џони Деп, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мојот ум - на мој начин“ - истакна Тијана пред неколку години за споменатиот медиум. 

Одвреме-навреме Тијана објавува по некоја фотка со својот сопруг, а секогаш се шегува дека едвај успева да го „улови“. За него пишува дека е нејзина карпа и ветер во грб, повеќе од 20 години. 

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Познати Македонки кои веќе добиле внучиња, а изгледаат одлично Фолкерката Даниела Темелковска годинава стана баба, но на Инстаграм мами воздишк...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Познати Македонци коишто зад себе имаат (барем) по еден брак Кои познати Македонци зад себе имаат по еден, а кој по 4 неуспешни бракови? Кој ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg