Четворица Македонци добија органи од починат донор: Нова успешна трансплантација на нашите доктори

„Направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи - еден пациент доби срце, еден црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива“ - велат од Министерството за здравство.

chetvorica-makedonci-dobija-organi-od-pochinat-donor-nova-uspeshna-transplantacija-na-nashite-doktori-01.jpg

Семејството на починатиот битолчанец Пеце Аврамовски, како што пишуваат блиските на социјалните мрежи и на битолските медиуми, ги донираше неговите органи и со тоа, досега, се спасени четири животи - еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, а двајца пациенти добија бубрези.

За хуманиот подвиг на семејството од Битола, но и за успешната мултиорганска трансплантација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што открија и детали за четирите операции.

„Во текот на вчерашниот ден е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива“.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот коешто се одлучи да ги донира органите од нивниот близок и со тоа да спасат најмалку 4 животи.

„По добиената согласност од семејството, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Огромна благодарност до семејството на донорот, кои повторно нè потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот.

Нивната одлука денес значи нов живот за некого. Од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас нè прави подобри луѓе. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, изјавил министерот Демири, а пренесоа на Фејсбук страницата на Министерството за здравство.

Таму е објавен и податокот дека од 2020 година досега се трансплантирани 11 срца, 4 црни дробови, 38 бубрези и 24 коскено ткива, односно 77 органи.

Во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби...

Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Thursday, March 14, 2024

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија,...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Пар направи забава за откривање на полот на детето во паркче во Тафталиџе, со балони и нивното куче ... „Времето беше против розовите балони и како да знаеше ветерот ги дуваше баш нив ...
Познати Македонци коишто зад себе имаат (барем) по еден брак Кои познати Македонци зад себе имаат по еден, а кој по 4 неуспешни бракови? Кој ...
Миа Костова му организираше тематска забава за 11-иот роденден на синот со црни балони и црна торта ... „Денес се молиме на сите богови да не ни се спои небо и земја, дечкото слави род...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg