Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има постуден воздушен бран, со врнежи од дожд и снег на планините“

„Кон крајот на денов, а особено во текот на ноќта, облачноста ќе се зголемува, и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-postuden-vozdushen-bran-so-lokalni-vrnezhi-od-dozhdi-sneg-01.jpg

Додека дневните температури на воздухот ќе бидат во пораст, периодов утрата ќе бидат постудени, а можно е да има и услови за снег на повисоките места.

Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски:

„Кон крајот на денов, а особено во текот на ноќта, облачноста ќе се зголемува, и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег.

Во текот на утрешниот ден ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што од север ќе започне спуштање на постудена воздушна маса.

Повремено ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час, особено долж Повардарието.

Ветерот ќе продолжи и во текот на ноќта кон среда, кога ќе започне и разведрување и повлекување на облачноста во Македонија.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-postuden-vozdushen-bran-so-lokalni-vrnezhi-od-dozhdi-sneg-02.jpg

Токму поради разведрувањето и стабилизирањето на времето, во среда и во четврток на повеќе места низ Македонија се очекува појава на утрински мраз, кој секако особено лошо ќе влијае врз веќе расцветаните овошки.

Температурите во среда и во четврток во утринските часови ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, а на високите планински места тие ќе се спуштат дури и под -5 степени Целзиусови.

Сепак, максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, а најсвежо преку ден ќе биде утре, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со повремен локален дожд во текот на утрешниот ден и со засилен ветер од северен правец“.

Спирова С. | Црнобело

фото: freepik.com, Фејсбук

Би можело да ве интересира:

На 40 степени е најубаво да се разладиш на Матка - скопјани уживаат на пикник и капење во Треска (фо... Постојат три периоди во годината кога Матка е омиленото место на скопјани – за 1...
Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Славчо Попоски, метеоролог: „Во среда силно невреме, а од четврток заладување со снег на планините“ „Од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-1...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“ „Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и наве...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Славчо Попоски, метеоролог: „Февруари ќе биде врнежлив, но и малку потопол“ Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, во февруари можеме да очекувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg