Ива Матиќ – жена пилот што ги “прелета” родовите стереотипи

Времето во кое живееме е време на меѓучовечки односи, конекции и токму тука е содржан потенцијалот за напредок на современото општество. Во корелација со иницијативата на Телеком #НаправиМесто, лежи верувањето дека вистинските врски негувани од дигиталната технологија можат да го трансформираат општеството. Единствен начин тоа да се стори е да се слави богатството на нашата колективна различност.

iva-matikj-prvata-zhena-pilot-shto-gi-preleta-rodovite-stereotipi-02.jpg

Една од тие приказни е приказната на Ива Матиќ, првата жена пилот во нејзината компанија, пробивајќи ги границите на родовите стереотипи. Бариерите со кои често се соочуваме не се на “небото” – како што вели Ива, туку честопати се вкоренети во застарените перцепции и предрасуди.

Искуството на Матиќ одразува поширок наратив за упорност, умешност и важноста од поддршка во професионалните заедници, кога станува збор за жените. Нејзиното непречено прифаќање на насоките што ги добивала од колегите, нејзината приказна нѐ потсетува дека инзворедноста не зависи од полот.

Матиќ во контекст на оваа поддршка ја изразува срдечноста на сите колеги, како и секој нов пилот во компанијата. Ги истакнува и корисните совети од поискусните капетани преку што полотите имаат можност да научат многу за техничките нијанси што овозможуваат поефикасни и поудобни летови.

iva-matikj-prvata-zhena-pilot-shto-gi-preleta-rodovite-stereotipi-01.jpg

Да се направи место за толеранција значи да не се делат професиите на “машки” и “женски” туку да се надминат овие родови бариери. Ова се битки што се водат секојдневно во континуитет, честопати и со години. Во оваа приказна не се зборува само за индивидуално достигнување, туку е наратив за поврзување, инспирација и напредок.

Вакви моќни приказни може да поттикнат поинклузивно и потолерантно општество. Со професионалната реализација на Ива таа истовремено раскажува и една подлабока приказна за човечкиот дух, издржливоста и непопустливо верување дека нашите врски (и дигитални и лични) можат да ни отворат еден нов свет обележан со еднаквост, разбирање и заеднички успех.

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

Би можело да ве интересира:

CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Летните фотки од одморот на Пере од „Нокаут“ со 4-те ќерки, од двата брака, се позитива на денот Пере од „Нокаут“ уште еднаш докажа дека е татко за медал! Со сите 4 ќерки на одм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg