Бидете хумани - да спасиме детски живот

bidete-humani-da-spasime-detski-zivot-povekjeНема побеспомошен човек од родителот што има болно дете… Секоја минута ja минува во обиди да најде лек, начин да го спаси саканото чедо.


А, уште потешко е тоа да го прави кога финансиските можности се минимални, кога е ситуацијата се влошува постојано, и кога обидите се повеќе залудни отколку успешни.

Затоа, ајде, да не дозволиме минутите брзо да завршат за тригодишната Дарија Калиновска која од своите девет месеци боледува од епилептични напади. Да помогнеме да се дознае зошто е отпорна на сите терапии, бидејќи тоа е единствен спас за малата Дарија, а испитувањата се скапи.

Малата Дарија во февруари треба да замине во Париз во детската болница Necker кај еден од најдобрите детски невролози Olivier Dulac, со надеж дека таму ќе ја добие потребната помош. Таа секојдневно има напади од кои не може нормално да се движи, ниту пак да спие. Последнава година нападите се влошуваат од ден на ден.

Изминатите две години семејството се исцрпи по многубројните прегледи во Македонија и странство па затоа им е потребна хуманитарна помош. Тие се сигурни дека ова нема да биде последната битка, затоа што не се работи за болест која минува преку ноќ. Потребно е време и следење од  специјалистите.

Телефонски број за донации:
070/143-122 (Т-Mobile);
077/143-143 (VIP);
Број на жиро сметка: 210 – 5016472508 – 48 (НЛБ Тутунска)
Име: Дарија Калиновска

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Каролина Гoчева, никогаш позгодна, на одмор на Скијатос со сопругот Михаил Корубин (фото) Kaролина Гочева на нејзиниот Инстаграм профил објави низа фотографии од летниот ...
Бев на концерт на Данијела Мартиновиќ во Скопје: Се соблече боса, се расплака и ѝ се поклони на публ... Кулминација на вечерта беше кога Данијела излезе на бис за да ја испее евровизис...
Светска, а наша: Катарина Ивановска блеска во смарагдна креација од македонски дизајнер „Катарина носеше панталони во балска сала полна со тоалети и остави свој печат с...
Хумани луѓе, успешни трансплантации: Убави моменти во Македонија по кои ќе ја помниме 2023-та Млади генијалци кои освоија награди, хумани луѓе, но и неколку спасени животи со...
Блогер од Босна и Херцеговина е восхитен од Македонија: „Државата е скриен европски бисер, со најуба... „Македонија со сигурност е скриен бисер во Европа и земја во која ќе запознаете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg