Sport Vision со нов предизвик – adidas “Blue Blast“: Најдобрите фудбалски клубови си ги одмерија силите во Тетово и Скопје

sportvision-so-nov-predizvik-adidas-blue-blast-najdobrite-fudbalski-klubovi-si-gi-odmerija-silite-vo-tetovo-i-skopje-05.jpg

Скопје (12.02.2017) Љубовта кон спортот е уникатна и посебна. Фудбалот, како еден од најпопуларните спортови кој од страна на најверните љубители се следи религиозно во Македонија, а и во светот, е и еден од најомилените спортови и на најголемите светски спортски брендови како што е Адидас.

Во склоп на најновата кампања на Адидас и лансирањето на новите копачки „ACE 17.1 primeknit“ од колекцијата „Blue Blast“, викендов во Тетово и Скопје се оддржа несекојдневно дружење со сите присутни љубители на фудбалот и со едни од најдобрите фудбалски клубови во Македонија и нивните најмлади членови. Тие ја имаа честа меѓу првите да облечат едни од копачките од колекцијата „Blue Blast“, и со нив да се наптреваруваат во жонглирање. И во двата града, младите фудбалери беа ставени на тест.

sportvision-so-nov-predizvik-adidas-blue-blast-najdobrite-fudbalski-klubovi-si-gi-odmerija-silite-vo-tetovo-i-skopje-11.jpg

Фудбалските клубови се натпреваруваа во издржливост за најдолго жонглирање со новите копачки од колекцијата на  Адидас „Blue Blast“. Денес ФК Работнички, ФК Вардар, ФК Ѓорче Петров и ЖФК Драгонс си ги одмерија силите во продавницата Sport Vision во Скопје Сити Мол во Скопје, а во саботата во центарот на  Тетово, во продажното место на Sport Vision на плоштадот се натпреваруваа тамошните млади фудбалери од ФК Тетекс Тетово, ФК Шкендија и ФК Гостивари (учесници на возраст до 14 години).

Некои фудбалери се родени да имаат целосна контрола над играта, па затоа и најдобрите на крајот беа наградени од Sport Vision со Адидас фудбали, копачки, патики, и шишенца.

Фудбалерите кои го диктираат темпото, ги држат конците во своите раце и ги поставуваат правилата и го внесуваат редот во хаотичните натпревари. Фудбалерите како што се Mesut Özil и Paul Pogba се предводници на едни од најдобрите светски фудбалски клубови. Adidas Football за таквите фудбалери специјално ги лансираше новите копачки ACE 17.1 primeknit како дел од колекцијата Blue Blast.

sportvision-so-nov-predizvik-adidas-blue-blast-najdobrite-fudbalski-klubovi-si-gi-odmerija-silite-vo-tetovo-i-skopje-07.jpg

Потполно новиот дизајн на горниот дел од копачката, со Primeknit технологија е поделен на зони на нов начин, додека ѓонот е направен со Sprintframe технологијата надограден со Ground Control 3.0 систем. Самиот дизајн визуелно дава чувство на потполна контрола. Конструкцијата на чорапите совршено се вклопува со стапалото и помага да се фиксира додека се прилагодува за најсложените движења и со тоа дава едноставна удобност. Високо прецизниот 3D слој кој при настапување со стапалото во милисекунди го скратува времето за облекување. Лесниот систем на ѓонот за целосна контрола на теренот овозможува висока стабилност. Доминантната плава боја која содржи розови детали и три линии со металик одсјај. Удобност, стабилност и неприкосновена контрола се карактеристиката на најновиот модел од ACE линијата која пристигна во Sport Vision продавниците во Македонија (Скопје – City Mall, Capitol Mall, Г.Т.Ц. и Тетово Центар Илирија,) на 4. февруари 2017 година.

Моделите од adidas Blue Blast колекцијата може да ги погледнете на веб сајтот на Sport Vision.

За повеќе информации може да погледнете и на adidas.com/football или facebook.com/adidasfootball и @adidasfootball на Twitter.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg