Отворен конкурсот за стипендии за школување во Меѓународната гимназија „Нова“

Меѓународната гимназија „Нова“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување на стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денес (20 февруари) и ќе трае до 9 март, а ќе се одвива преку интернет-страницата на „Нова“ каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ќе треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по дванаесетти пат и наменети се за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од петто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.

otvoren-konkursot-za-stipendii-za-shkoluvanje-vo-megjunarodnata-gimnazija-nova-01.jpg

Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување додека најдобрите 25 ќе имаат шанса да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ке добијат најмногу 10 ученици. Сите пријавени кандидати ќе треба да полагаат тестови по англиски и математика и да напишат есеј на зададена тема. Најдобрите 8 кандидати ке бидат повикани на интервју пред стручна комисија. Од нив ќе се одберат трите целосни стипендисти.

Со цел да им се помогне на сите заинтересирани ученици во процесот на аплицирање, на 2 март ќе бидат организирани и работилници по математика и англиски јазик.

otvoren-konkursot-za-stipendii-za-shkoluvanje-vo-megjunarodnata-gimnazija-nova-2.jpg

Oсвен целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава. Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија девет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД.  

otvoren-konkursot-za-stipendii-za-shkoluvanje-vo-megjunarodnata-gimnazija-nova-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Климентина Војдановска од Велес се стекна со 2 светски карате лиценци Климентина Војдановска од Велес се стекна со две светски лиценци во карате, а ко...
Потег за пофалба: Ученици и наставници во битолска гимназија ги оставаат телефоните во кутии додека ... Во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, учениците и наставниците ги оставаат ...
Елена Ристеска има 2 факултета, Пере дипломирал во Барселона: Какво образование имаат познатите Маке... „Досега не сум работела нешто поврзано со струката, но факултетите ми помогнаа м...
Горди сме: Македон повторно се закити со златен медал на натпреварот „Математика без граници“ Учествува на семинари за македонски јазик и литература, игра шах и повторно успе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg