Промена во менаџерскиот тим на Шпаркасе Банка Македонија

Г. Алвин Аличевиќ номиниран за член на Управниот одбор одговорен за ризици и операции.

promena-vo-menadzerskiot-tim-na-sparkase-banka-makedonija-001.jpg

Скопје, 19 септември 2017 г. По изминати 2,5 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, со надлежност одговорен член за управување со ризици, г. Дамир Иваштиновиќ ја продолжува кариерата во рамките на Ерсте и Шпаркасе Групацијата. Почнувајќи од 15.9.2017 г., г. Иваштиновиќ ќе ја преземе позицијата член на Управниот одбор одговорен за управување со ризици и финансии во Ерсте Банка Црна Гора – една од најуспешните членки на Групацијата во регионот.

„Му искажуваме голема благодарност на г. Иваштиновиќ за ефикасното управување и имплементација на важни групациски проекти, особено во областа на управувањето со ризиците, согласно со стандардите на Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Во текот на неговиот мандат како член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, тој со своето искуство и менаџерски способности даде значајна поддршка за одржување на континуитетот во успешниот развој на нашата банка во Р. Македонија. Се надеваме дека успешниот ангажман на Иваштиновиќ ќе продолжи во Ерсте Банка во Црна Гора“, изјави Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и член на Управниот одбор одговорен за меѓународни операции во Штаермеркише Шпаркасе АГ Грац.

За нов член на Управниот одбор во Шпаркасе Банка Македонија по 1.10.2017 г., номиниран е г. Алвин Аличевиќ, кој ќе биде одговорен за управување со ризици, организација и ИТ, процесирање, усогласување со прописи и правна служба. Г. Аличевиќ поседува десетгодишно работно искуство во рамките на Шпаркасе Групацијата и бил дел од важни проекти за воспоставување соодветна инфраструктура за управување со ризици во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и пренесување практично знаење и искуство на банките што се дел од Групацијата.

„Јас сум убеден дека г. Аличевиќ, водејќи ги функциите ризици и операции, ќе придонесе за понатамошен развој на Шпаркасе Банка Македонија. Со неговата функција како групациски претставник за ризик во Шпаркасе Банка Македонија, г. Аличевиќ стекна длабоко познавање на структурата на Банката и веќе има воспоставено добри деловни релации со менаџерскиот тим. Сметаме дека со неговите квалификации и искуство, г. Аличевиќ е соодветно номиниран за член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и се надеваме на успешно спроведување на клучните иницијативи на ризик и операции, како и за поддршка на деловниот развој на Банката“, изјави Далбоков.

Именувањата на новите членови во управните одбори во Ерсте Банка Црна Гора и во Шпаркасе Банка Македонија се предмет на вообичаени интерни и регулаторни одобрувања, пред сè согласности од централните банки и на Република Македонија и на Република Црна Гора.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg