За што може да ја искористите дополнителната пензиска заштеда?

Во минатото луѓето го сфаќаа пензионирањето како период од животот во кој им замира социјалниот живот, комплетно се неактивни и остануваат дома грижејќи се за внуците. Но, времињата се менуваат, а со тоа и сфаќањата и очекувањата на луѓето од пензионирањето. Големото годишно истражување на една од водечките светски компании за пензии и управување со средства „Аегон“ покажа дека сѐ повеќе луѓе во светот го сфаќаат пензионирањето како активна фаза од животот за која тие развиваат позитивни асоцијации.

za-sto-moze-da-ja-iskoristite-dopolnitelnata-penziska-zasteda-001.jpg

Истражувањето на „Аегон“ за 2017 година е спроведено во 15 земји низ светот во Европа, САД, Азија и Австралија, а во него биле вклучени повеќе од 16.000 вработени лица и пензионери. Мнозинството од испитаниците, односно 72 отсто, истакнале дека пензионирањето им буди позитивни асоцијации, како што се слободно време (46 отсто), слобода (41 отсто) и уживање (31 отсто). Притоа, се покажало дека луѓето на возраст над 65 години имаат многу повеќе позитивни асоцијации за пензионирањето отколку младите луѓе на возраст од 18 до 24 години.  

Ставовите за оваа тема се менуваат и во Македонија. Со реформите во пензискиот систем се отвори можност граѓаните да остваруваат дополнителни пензиски заштеди преку вториот и третиот пензиски столб, со што почнаа да се менуваат и нивните очекувања од пензиската иднина. На интернет страницата www.penzija.mk најдовме детални објаснувања за тоа како граѓаните може да акумулираат дополнителни средства за безгрижни пензионерски денови и да си обезбедат посигурна иднина.

Во земјава, граѓаните ќе имаат дополнителни средства во пензионерските денови (настрана од редовната пензија) преку вториот и третиот пензиски столб со кои управуваат две друштва, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, а супервизор на ова пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС (www.mapas.mk).

Вториот столб е задолжителен и во него членуваат сите лица кои првпат се вработиле по 1.1.2003 година, како и лица со вработување пред овој датум кои одлучиле дел од пензискиот придонес да им се префрла и во вториот столб. Третиот столб е доброволен и во него членуваат лица кои сакаат да штедат дополнително за финансиски посигурни пензионерски денови.

Акумулираните средства на личните сметки на корисниците во вториот столб може да се користат со остварување на правото на старосна пензија, кое во Македонија е со навршени 64 возраст за мажи и 62 за жени, со минимум 15 години работен стаж. Членовите на третиот столб, пак, самите одредуваат кога и колку средства ќе уплаќаат, а акумулираната заштеда може да ја искористат на повеќе начини најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија. Со акумулираните заштеди во вториот и евентуално во третиот столб, граѓаните од земјава по пензионирањето ќе располагаат со дополнителна заштеда која ќе им овозможи да уживаат во пензионерските денови.

Во светски рамки, истражувањето на „Аегон“ покажа дека најголем дел од испитаниците сакаат кога ќе се пензионираат дополнителната заштеда да ја искористат за патување (62 отсто), додека 57 отсто одговориле дека сакаат да ја искористат за да поминуваат квалитетно време со семејството и со пријателите. Околу 26 отсто од испитаниците сакаат кога ќе бидат пензионери да имаат некаква форма на платена работа.    

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Впечатлива торта, моќна порака од Слаткар: Кулминацијата на свадбената веселба на Стефан Лазаров и М... Со бисерно бела торта, македонско знаме, музичка посвета од Слаткар и другарите ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg