10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате)

The Disaster Artist (2017)

Овој комичен и делумно биографски филм ја раскажува приказната за снимањето на „најлошиот филм на сите времиња“ – The Room.

Во 2003 година, режисерот Томи Визо (кој е со сомнително потекло) издава ужасен филм за кој сите до денес се чудат каков воопшто бил направен.

The Disaster Artist, со Џејмс Франко во главната улога, на комичен начин ни открива како се одвивало снимањето и сè поврзано со продукцијата на филмот.

Annihilation (2018)

Annihilation е научно-фантастичен хорор-филм со необична приказна.

Главните ликови се неколку жени (научници и поранешни војници) кои се на задача да истражат мистериозна област во која се чини дека владеат сосема други природни закони.

The Irishman (2019)

Ремек-делото на Мартин Скорсезе трае три и пол часа, но нема ниту една здодевна секунда.

Филмот ја раскажува приказната за Френк Ширан.

Тој е ветеран од Втората светска војна кој станува платен убиец и, на крај, е обвинет за мистериозното убиство на Џими Хофа – познат претседател на синдикатот на камионџиите од САД.

Another Round (2020)

Главните ликови се четворица професори во средно училиште кои сметаат дека нивните животи се здодевни.

Откако дознаваат за теорија дека луѓето стануваат многу креативни и релаксирани со мало количество алкохол во крвта, одлучуваат да ја тестираат.

Но, забавното тестирање на теоријата лесно може да се претвори во зависност од алкохол.

Dune (2021)

Снимен според истоимената (и најдобра) научно-фантастична книга на Франк Херберт, Dune е филм што треба да го изгледате дури и ако не го сакате овој жанр бидејќи има премногу паралели со реалниот свет.

Дејството е сместено околу 8.000 години во иднината и се фокусира на пустинската планета Аракис.

Планетата е најзначајното место во галаксијата бидејќи овде има вид дрога (или зачин) која е клучна за менталниот развој на луѓето и меѓуѕвезденото патување.

The Menu (2022)

Необичен хорор-филм со Ана Тејлор Џој во главната улога.

Главниот лик е млада девојка која оди на состанок со нејзиното момче. Тие одат во ексклузивен ресторан на далечен остров каде што храната е „искуство за сите сетила“.

Но, набрзо романтичната вечера се претвора во страшна битка за живот и смрт.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg