10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите

Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доколку ви е „преку глава“ од фамата што ја кренаа, нема да погрешите со биографскиот Air со Мет Дејмон и Бен Афлек во главните улоги.

10-filmovi-od-2023-godina-koi-ne-treba-da-gi-propushtite-01.jpg

Првата половина од 2023-та беше навистина „плодна“ кога станува збор за филмови.

Биографски филмови, комедии, надреални приказни и романси – има по нешто за сечиј вкус.

10 филмови од 2023-та кои треба да ги изгледате:

Barbie

Нормално, листата ја почнуваме со филмот кој е најголемиот летен хит и веќе руши рекорди.

И, веројатно не треба да ве убедуваме да го изгледате.

Главните ликови се Барби (Марго Роби) и Кен (Рајан Гослинг) кои го напуштаат розовиот свет на Барби и се соочуваат со реалноста.

Oppenheimer

Новото ремек-дело на Кристофер Нолан е вториот летен хит за 2023-та кој исто така руши рекорди, а критичарите предвидуваат и Оскар.

Станува збор за биографски филм за Роберт Опенхајмер – физичарот кој ја измисли атомската бомба – и неговите обиди да се справи со трагедијата што ја предизвика.

Are You There God? It’s Me, Mаrgaret.

Снимен според истоимената книга на Џуди Блум, овој филм е драма која се фокусира на животот на 11-годишната Маргарет.

По преселувањето од град во мирно предградие со семејството, Маргарет се справува со нејзините адолесцентски проблеми.

Past Lives

Главните ликови во романтичната драма Past Lives се Нора и Хае Сунг – момче и девојка кои биле пријатели во детството.

Откако семејството на Нора се преселило тие биле разделени, но неколку децении подоцна повторно се сретнуваат.

M3GAN

Морничавиот трилер кој на моменти граничи со хорор можеби изгледа наивно, но пријатно ќе ве изненади.

Главниот лик е мало девојче чии родители загинуваат во сообраќајка. По трагедијата, девојчето живее со нејзината тетка која ѝ ја подарува Меган – хуманоиден робот кој се чини дека развил свест.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg