Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд

Ghost

Иако почнува трагично, Ghost е навистина забавен филм, благодарение на единствената Вупи Голдберг.

Вупи глуми медиум – личност која разговара со духови – но целиот нејзин бизнис е заснован на лага бидејќи ни самата не верува во духови.

Животот драстично ѝ се менува кога навистина здогледува дух на маж кој сака да стапи во контакт со неговата жива девојка.

The Ugly Truth

Аби работи како продуцент во локална телевизија, но воопшто не ѝ се допаѓа кога во телевизијата доаѓа нов колега со шовинистички ставови.

Сепак, набрзо сфаќа дека неговите ставови и совети можат да ѝ помогнат да го освои соседот што ѝ се допаѓа.

Bridget Jones’s Diary

Бриџит Џонс е сингл жена која пробува да си го подобри животот, но и да си најде партнер.

Одеднаш, сосема неочекувано, младата жена се вплеткува во љубовен триаголник.

Pretty Woman

Веројатно не треба да ви го раскажуваме дејството на култниот филм со Ричард Гир и Џулија Роберт.

Џулија глуми проститутка, чиј живот целосно се менува откако запознава маж кој само сака да му прави друштво на неколку социјални настани.

Why Him?

Млада девојка и нејзините родители одат на гости кај нејзиниот дечко кој е богаташ.

Додека татко ѝ негодува за неговиот начин на живот и отворено го презира, дечкото му кажува дека планира да ја побара за жена.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате) Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nic...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg