Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив

Bodies

Снимена според истоимениот стрип од 2014-та, Bodies е забавна крими и научнофантастична серија на Нетфликс.

Во дејството се испреплетени четири различни приказни сместени во различни периоди – од 1980-тите до 2050-та.

Фокусот на секоја приказна е обидот на ликовите да решат исто убиство во Лондон.

The Crowded Room

Со одличната актерка екипа што ја сочинуваат Том Холанд и Аманда Сејфрид, The Crowded Room e мини-серија која ќе ве натера да размислувате.

Дејството е сместено во 1970-тите, кога младо момче е уапсено за престрелка и убиство во Њујорк.

Поголемиот дел од серијата се фокусира на неговото детство и покажува како станал човекот што е денес.

A Small Light

Биографската серија ја раскажува приказната за Миеп – жената која го ризикувала својот живот за да помогне во криењето на Ана Франк и нејзиното семејство за време на нацистичката окупација.

Миеп успешно го криела семејството на девојчето повеќе од две години, а серијата одлично прикажува низ што поминувала самата.

White House Plumbers

Мини-серија на HBO која е забавна, но и едукативна во врска со историјата на САД.

Дејството се фокусира на познатиот скандал на поранешниот американски претседател Никсон, познат како Вотергејт.

Главните улоги им припаѓаат на Вуди Харелсон со Џастин Теру, а бидејќи серијата има само пет епизоди, сигурно ќе ја изгледате на едно седнување.

Faraway Downs

Со Никол Кидман и Хју Џекмен во главните улоги, серијата се фокусира на богата вдовица која оди во Австралија за да го продаде својот добиток.

Дејството е сместено за време на Втората светска војна и опфаќа четири години од животот на вдовицата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg