Топ 5 филмови со Робин Вилијамс кои ќе ве вратат во детството

Актерот и комичар, кој изобилуваше со талент за глума, еден од омилените ликови на многумина, за жал, поради тешка депресија реши да си го одземе животот на 63-годишна возраст.

top-5-filmovi-so-robin-wiliams-koi-ke-ve-vratat-vo-detstvoto-01

Малку е неверојатно, како оној кој сите нè засмејуваше, не успеа да се расположи себе, но жалната вистина е дека најголемите комичари имаат најтажни животи.

Сепак, многу од нас пораснаа со неговите филмови и секојпат со радост ќе се навраќаат за повторно да ги погледнат.

1. „Jumanji“

Моментот кога омилената детска книга ќе се претвори во реална игра, полна со мистерија и магија, тогаш детскиот свет станува волшебен и возбудлив. Робин го игра 26-годишниот Ален кој цело време бил заробен во играта, а Џуди и Питер ќе го ослободат. Токму тогаш започнуваат авантурите кои ќе ви го задржат вниманието.


2. „Hook

Робин како Петар Пан и Џулија Робертс како Ѕвончица. Тој мора да ја напушти сопругата со двете деца и животот како адвокат, за да се врати во Недојдија каде ќе се бори со лошите пирати, предводени од капетан Хук.


3. „Аladin

Еден од најинтересните цртани Дизни ликови е духот од волшебната ламба на Аладин, чиј глас го позајмува токму Робин Вилијамс. Не е ниту принц, ниту принцеза, ниту главен лик, но нема некој што не го сака и не го спомнува духот на Аладин.


4. „Jack

Еден посебно интересен, но и емотивен филм во кој Робин игра лик со здравствено пореметување, така што иако во суштина е дете, според изгледот тој расте и се развива четири пати побрзо од годините што ги има. Често исмеван, но сепак со многу добра душа и ведар детски дух. При крајот, кога сè уште оди во училиште им се обраќа на своите соученици, за да ги потсети колку е краток животот: „Направете си го животот спектакуларен“.


5. „Mrs. Doubtfire

Еден од омилените детски филмови кога Робин Вилијамс е претворен во повозрасна госпоѓа која се пријавува на оглас за дадилка кој го објавува мајката на неговите деца, бидејќи не му дозволува да биде постојано со нив. Поради тоа, тој наоѓа свој начин и тоа го изведува речиси совршено. Многуте комични ситуации и авантурите низ кои поминуваат сите заедно ќе направат да посакате одново и одново да го гледате со уживање.

Имате вие некој омилен филм со Робин Вилијамс? Пишете ни во коментарите!

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg