Операција: Грабеж - 10 филмови со кражби кои ќе ве остават со подотворена уста

The Thomas Crown Affair (1999)

Богат плејбој ужива во кражбата на богати и скапоцени предмети само поради возбудата и адреналинот, но играта ќе започне да се менува штом ќе ја запознае заводливата брилијантна детективка која го следи случајот.

Now You See Me (2013)

Тим од 4 неверојатни магионичари ограбуваат банка во Париз за време на шоуто во Америка и ги споделуваат парите со публиката. Прашањето е  - како успеваат да ограбат банка на локација каде што физички не се присутни?

https://www.youtube.com/watch?v=8MHDYZJWLXA

How to Steal a Million (1966)

Постар, но одличен култен филм со Одри Хепберн во главната улога. Една девојка е приморана да украде статуа од музеј во Париз. Кој ќе ѝ помогне во оваа комична крими-романса?

Mad Money (2008)

Три жени вработени во федералните резерви на САД каде што се уништуваат банкноти, кројат план да украдат поголема сума на пари за да се простат од сиромашниот живот.

Flawless (2007)

Во ’60-тите години на минатиот век во Лондон, еден сиромашен хигиеничар успева да убеди една од менаџерките да ја ограбат лондонската дијамантска корпорација. Како ќе ги изнесат дијамантите надвор од работното место?

(O)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg