Топ 5 филмови чиј крај е тешко да го разберете

Филмовите кои ги гледаме влијаат на нашиот мозок на начин на кој не можеме да го разбереме. Постојат некои филмови кои по завршувањето нè оставаат буквално без зборови. 

top-5-filmovi-cij-kraj-e-tesko-da-go-razberete-001.jpg

Тешко е да ги разбереме, а за секого имаат различно значење.

Еве неколку филмови, за кои мислењата за тоа што претставува крајот на филмот беа поделени:

1. Mulholland Drive

Ремек делото на Дејвид Линч, за чиј завршеток има безброј теории, но нитуедна целосно не го објаснува филмот. Филмот започнува со сообраќајна несреќа и жена која добива амнезија, па заедно со друга жена бараат докази и одговори низ цел Лос Анџелес, со цел таа да се присети на нејзиното минато.

На почетокот, сè изгледа нормално, а потоа филмот толку се заплеткува, што цело време ќе се прашувате што е сон а што е реалност. Дури и најголемите фанови на филмот не знаат за што всушност се работи.

2. Inception

Сите кои го гледале овој филм останале импресионирани од завршетокот. Не можеме со сигурност да кажеме дали сè било сон или реалност. Всушност, најверојатно и целта на филмот е да покаже дека и главниот актер веќе не се грижи за тоа  дали е во сон или реалност, туку едноставно е среќен што е повторно со неговото семејство.

3. Predestination

Можеби некои филмови и не биле направени со цел да можете да најдате објаснување, туку едноставно да уживате во уметничката заплетканост на настаните. Така е и со овој филм, во кој еден агент ги крши сите закони на патувањето низ времето.

Тој треба да спречи човек кој ќе постави бомба, меѓутоа се вмешуваат уште многу ликови, а сите тие имаат едно заедничко нешто...

4. Birdman

Филмот ќе ве остави збунети. Се работи за човек кој пробува да се самоубие, а подоцна го даваат во болница како се опоравува. Откако конечно ќе остане сам во собата, тој оди до прозорецот - погледнува низ него, го отвара и камерата не покажува што се случува потоа.

Има многу интерпретации за тоа што се случува понатаму, но за да заклучите, ќе мора да го гледате филмот.

5. Memento

Приказната е раскажана во обратна хронологија, а се работи за тоа како еден човек пробува да го најде убиецот на неговата жена. Тоа му оди тешко, поради тоа што заборава речиси сè и мора напредокот од истрагата да го запишува на своето тело, во вид на тетоважи.

Крајот е сосема неочекуван и ќе ве остави со многу прашања.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg