3 нови одлични серии кои ќе ве остават без сон

Време е за маратонски филмски вечери во кои сте будни и ококорени и ја пуштате секоја нова епизода од серијата како да ви зависи животот од тоа. Само вистинските филмски манијаци ќе сфатат зошто и како, како и оние вљубените во ТВ сериите.

3-novi-odlicni-serii-koi-ke-ve-ostavat-bez-spienje-01.jpg

Mаратонското гледање серии има некој посебен шарм и убавина која не ја разбира секој, но оние кои се пронаоѓате во описот, пронајдете време за една (или сите) од следниве нови хитови кои ќе го окупираат вашето време и внимание:

13 Reasons Why

Серијата „13 причини зошто“ постигна огромен успех кај публиката и критичарите. Првата сезона во продукција на Нетфликс е веќе завршена со вкупно 13 епизоди, а веќе се шушка и за снимање на втора сезона.

Главниот лик е Хана Бејкер, тинејџерка која се соочува со (не)типични проблеми во училиште. Кога притисокот ќе ја совлада, таа се самоубива. Зад себе остава снимени касети, а за да ги дознаете причините позади нејзината страшна одлука мора да ги преслушате сите.

Тажна и емотивна приказна за денешните тинејџери, општеството и начинот на соочување со проблемите.

https://www.youtube.com/watch?v=JebwYGn5Z3E

The Handmaid’s Tale

Засега се излезени 3 епизоди од новата серија на Хулу работена според романот на канадаската авторка Маргарет Атвуд од 1985 година. „Приказната на робинката“ ја раскажува сторијата за едно дистописко општество каде што владее теократија, а населението се соочува со неплодност. Постои систем односно хиерархија која мора да се почитува.

Командантите по секоја цена мора да имаат наследници, а група жени во црвено ја имаат улогата на робинки кои мора да им родат деца и им служат буквално како инкубатори.

Морничава, напната и темна атмосфера ја обвива серијата која едноставно мора да ја погледнете. Во главните улоги се Елизабет Мос (од серијата Mad Men) и Џозеф Фајнс, нам познат по улогата во филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски.

https://www.youtube.com/watch?v=PJTonrzXTJs

Big Little Lies

Три засебни приказни формираат една целина, а серијата започнува мистериозно со убиство. Кој е жртвата, а кој виновникот? Прилично многу звезди се појавуваат во серијата на HBO работена според големиот хит на Лиен Мориарти „Мали големи лаги“.

Никол Кидман, Риз Витерспун, Шајлин Вудли, Зои Кравиц, Адам Скот се само неколкуте звучни имиња.

Темната страна на сè она што изгледа сјајно и прекрасно однадвор е разоткриена низ животите на трите жени и мајки кои воедно се најдобри пријателки.

3-novi-odlicni-serii-koi-ke-ve-ostavat-bez-spienje-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg