Македонската тв серија Преспав пред прагот на нова сезона

Започнува снимањето на втора сезона на македонскиот серијал Пансион “Преспав“.

makedonskata-tv-serija-prespav-pred-pragot-na-nova-sezona-01.jpg

Телевизијата од секогаш играла важна улога во животот на човекот. Луѓето сакаат да гледаат работи со кои лесно се поистоветуваат, работи кои ја предизвикуваат нивната љубопитност и ги засмејуваат. Зарем има поголема релаксација од отргнувањето на секојдневните животни случки со 50 минутна добра серија? Покрај релаксацијата, навиките и забавата луѓето во нив гледаат и социјална компонента бидејќи, нели, сериите најдобро се следат во друштво или во кругот на семејството. Живееме во време кога снимањето на телевизиски серии стана голем предизвик, дури и во Холивуд тоа е веќе престиж, па високо-буџетните серијали станаа се почести и нудат контраверзни, предизвикувачки содржини со врвна уметничка екипа.

Кај нас се чини дека подолго време постоеше дискусија и битка за тоа дали треба или не да се следат телевизиските серии. Поучени од минатото кога во голема мера ни се пласираа нискобуџетни и неквалитетни серијали долго време перцепцијата за телевизиските серии беше со негативна конотација. Но, со текот на времето и зголемената продукција на квалитетни и интересни серии овозможи и стандардите да се подигнат и луѓето лесно да ги препознаваат неквалитетните продукциски продукти, па така поголемиот број на нивните љубители го изоштрија својот вкус.

Долго време она што недостасуваше на нашиот пазар е македонски ситком.  Но, и на таквиот недостиг се чини дека му дојде крајот со снимањето на хумористична серија во македонска продукција веќе позната меѓу гледачите како „Преспав“.  Она што посебно не радува и изненадува е што ова е еден одлично продукциски спакуван производ кој се бави со случки и личности нам многу добро познати, шармантен и суптилен хумор кој ја прави еластична старосната граница на кого се обраќа. Идејата не е да ја афирмираме Перспав само затоа што е македонски производ...пораката оди многу подалеку од ова и предностите и бенефитите се повеќенасочни.

makedonskata-tv-serija-prespav-pred-pragot-na-nova-sezona-02.jpg

Локалните случки и ликови се градени според реалните општествени случувања и целиот наратив е еден вид на метафора на она што се случува како во земјата така и во секое просечно македонско семејство. Комичните и луцидните дијалози се одраз на еден постојан судир на балканскиот менталитет и европската култура. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт, нова разрешница и многу доживувања со хумор близок на секому од нас.

Овој телевизиски проект се снима под режисерска палка на Игор Ивановски Изи, Вардан Тозија и Даријан Пејовски додека актерската екипа е доверена на актерите: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и од сега Игор Џамбазов кој ќе го замени Владо Јовановски, што ќе претставува и мало освежување во актерската екипа. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов, додека музикиата е изработена од на Мите Димовски од студиото Тралала.

Не случајно Пансионот Преспав за брзо време стекна своја верна публика и веќе привршуваат подготовките за отпочнувањето на снимање на втората сезона.

Им посакуваме уште многу среќа на целиот тим и се надеваме дека Преспав, или првиот македонски сит- ком проект, е  само почеток на  еден долг и успешен македонски серијал кој се повеќе ќе ја освојува македонската публика. Останува да видиме како ќе се развива приказната и во втората сезона и каков интерес ќе побуди.

makedonskata-tv-serija-prespav-pred-pragot-na-nova-sezona-03.jpg

Би можело да ве интересира:

10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg