Дизни го откри новиот Аладин: Кој е Мена Масуд? (фото)


Дизни го откри новиот Аладин: Кој е Мена Масуд? (фото)

Нашиот омилен анимиран дизниев јунак, кој лета на магичен килим, има симпатично мајмунче и волшебна ламба во која живее најдуховитиот дух на светот, ќе добие и свое играно издание. Запознајте го Мена Масуд, младиот канадски глумец со египетско потекло, кој ќе го толкува Аладин во римејкот на познатата приказна.

dizni-go-otkri-noviot-aladin-koj-e-mena-masud-foto-1.jpg

По успешните адаптации на „Убавицата и ѕверот“ и „Книга за џунглата“, челните луѓе на филмската компанија „Дизни“, пред неколку дена соопштија дека работат и на играна верзија на цртаната класика „Аладин“.

Kога се глумците во прашање, од студиото „Дизни” со недели биле неодлучни околу изборот на актери за главните улоги, а наводно екипата погледнала повеќе од 2000 профили на машки кандидати, само за ликот на Аладин.

dizni-go-otkri-noviot-aladin-koj-e-mena-masud-foto-2.jpg

Сепак, по долготрајна потрага, викендов конечно беа откриени имињата.

Првин беше објавено дека духот од волшебната ламба ќе го толкува популарниот Вил Смит, а потоа и двојката - протагонисти. Официјално, Аладин ќе го глуми Мена Масуд, а Наоми Скот ќе биде Јасмин.

dizni-go-otkri-noviot-aladin-koj-e-mena-masud-foto-3_copy.png

Двајцата се млади и релативно непознати глумци за пошироката јавност, а ќе работат со искусниот режисер Гај Ричи, на адаптацијата на еден од најгледаните анимирани филмови на сите времиња.

dizni-go-otkri-noviot-aladin-koj-e-mena-masud-foto-4.jpg

Кој е Мена Масуд, актерот што ќе биде новиот принц меѓу крадците?

1. За разлика од Аладин, Мена не потекнува од Аграбах (локација која реално и не постои). Роден е во Египет, израснал во Канада, а сега живее на релација Торонто-Лос Анџелес.

dizni-go-otkri-noviot-aladin-koj-e-mena-masud-foto-5.jpg

2. Досега немал забележителна улога на големото платно. Освен споредните или епизодни појавувања на ТВ и глумењето во краткометражни филмови, Масуд го позајмил гласот и во видео-играта „Watch Dogs 2“.  

3. Пред да дебитира во играната верзија на „Аладин“, Мена ќе може да го гледаме и во серијата „Jack Ryan“, а неодамна потпишал договор и за филмот „Strange but True“. Од претходните ролји, пак, вреди да се споменат улогите во сериите „Poser“, „Open Heart“ и  „Тhe 99“.

dizni-go-otkri-noviot-aladin-koj-e-mena-masud-foto-6.jpg

4. Во интервјуата, како најголема инспирација да се префрли на студиите за глума го издвојува починатиот актер Робин Вилијамс , а негов филм што посебно го обожува и со кого израснал е „Mrs. Doubtfire“.

5. Фитнесот му е голема пасија. Мена се храни здраво и редовно вежба, а резултатите постојано ги споделува со пријателите на социјалните мрежи.

Кога сме кај социјалните мрежи, пред објавувањето на веста го следеа само 4000 корисници на Инстаграм, но нивната бројка веќе се зголемува со огромна брзина.

dizni-go-otkri-noviot-aladin-koj-e-mena-masud-foto-7.jpeg

Како ви се чини новиот Аладин? Дали е направен вистинскиот избор?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ви го подигнат расположението Има филмови за кои вреди да одвоите час и половина не само да уживате и да се ре...
Филмски маратон: Филмови и серии со Том Харди Заводникот Том Харди, освен што е миленик на дамите низ светот, умее да глуми на...
Емотивни филмови заради кои ќе пуштите и по некоја солза Истражувањата покажуваат дека речиси 92% од луѓето имаат плачено барем на еден ф...