Последните 10 филмови добитници на Оскар кои вреди да ги изгледате

2012 – The Artist

Шармантен црно-бел филм чие дејствие е сместено во Холивуд, 1927 година кога филмската ѕвезда на немиот филм Џорџ Валентајн почнува да се сомнева дека новата ера на филмови со зборување ќе ја стават неговата кариера во опасност.

2011 – The King’s Speech

Вистинска приказна за кралот Џорџ VI и за неговиот проблем со пелтечењето. Откако ќе го наследи тронот, јавноста смета дека е недостоен за крал, а тој бара помош од неконвенционален логопед и храбро го дава историскиот говор кој ќе го означи почетокот на влегувањето во војна.

https://www.youtube.com/watch?v=pzI4D6dyp_o

2010 – The Hurt Locker

Принудени да ја играат играта на мачка и глушец среде хаосот на војната, елитен одред на армијата мора да се бори заедно во градот каде што секој е потенцијален непријател, а секој предмет може да биде смртоносна бомба.

2009 – Slumdog Millionaire

Џамал е сиромашен, необразован и со прилично лоша среќа во животот. Одеднаш се наоѓа како учесник во квизот „Кој сака да биде милионер“ во родната Индија и ги знае сите одговори на прашањата, додека сите се прашуваат дали можеби мами?

2008 – No Country for Old Men

Додека е на лов, Левелин ги наоѓа остатоците од криминалната пресметка и иако знае дека е погрешно, не може да им одолее на 2 милиони долари па ги зема со него. Наскоро, ловецот станува плен кога немилосрден убиец ќе ја намириса неговата трага.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg