Се крчка нов документарец за Ејми Вајнхаус, ќе носи наслов по нејзина песна

По успешниот документарец „Amy“ посветен на прерано починатата пејачка, се подготвува уште еден, насловен според нејзин голем хит.

se-krchka-nov-dokumentarec-za-ejmi-vajnhaus-kje-nosi-naslov-po-nejzina-pesna-01.jpg

„Amy Winehouse - Back to Black“ ќе ја раскаже одблиску приказната за снимањето на истоимениот албум. Се очекува филмот да излезе во ноември. Во него се вметнати приватни снимки, интервјуа со нејзините соработници, меѓу кои и Марк Ронсон и Салам Реми.

Во бонус материјалот ќе биде вклучена и снимка од нејзиниот интимен настап на 10 февруари 2008 година, кога пеела за мала група пријатели, членови од семејството и блиски соработници од музичката сцена. Истата вечер, Ејми освои пет Греми награди, а настапи преку сателитски видео-линк, бидејќи не ѝ беше дозволено да замине во САД за да биде присутна на церемонијата.

Во 2015 излезе документарецот „Amy“ на Асиф Кападија, кој освои и Оскар за најдобар документарец следната година.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
„Beckham“ и уште 10 популарни документарци на Нетфликс кои треба да ги изгледате Документарецот на Бекамови открива бројни детали од животот на познатото семејст...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg