Пет психолошки трилери кои треба да ги изгледате

Психолошките трилери најчесто се многу блиску до границата да преминат во хорор филмови.

5-najdobri-psiholoski-trileri+01.jpg

Полни со заплети, расплети и најнеочекувани пресврти, психолошките трилери се оние кои нè држат во неизвесност до последната минута од филмот.

Во продолжение погледнети ги најдобрите 5 кои треба да ги изгледате:

The Silence of the Lambs

Кога Кларис Старлинг како најдобриот ученик во нејзината класа во FBI, ќе треба да го интервјуира Ханибал Лектор - одличен психијатар, но насилен психопат кој служи доживотна казна зад решетки поради големи убиства и канибализам, таа ќе треба да помине низ сите негови психолошки малтретирања.

Black Swan

Нина е млада балерина која желбата за балетот ја става на прво место. Кога ќе ѝ се појави можност да стане новата прима балерина во светското познато „Лебедово езеро“, нејзиниот живот ќе претрпи огромен пресврт.

Напорните тренинзи и целта кон совршенството нема да бидат единствените проблеми со кои Нина ќе треба да се соочи.

Inception

Дом Коб е крадец со ретка и специфична техника. Тој влегува во соништата на луѓето и на тој начин ги краде сите нивни тајни од нивната потсвест. Неговата вештина е една во целиот свет и тој е вистински професионалец.

Но, кога ќе добие задача да всади идеја во друг ум, а не да ја украде, тоа ќе биде сосема нов предизивик за него кој ќе го чини многу.

Se7en

Детективот Вилијам Сомерсет го разрешува својот последен случај пред да замине во пензија. Неговото место е предвидено да биде земено од Дејвид Милс кој ќе го стават да работи со него на неговиот последен случај, сè со цел да се навикне на новата средина.

Двајцата наскоро сфаќаат дека си имаат работа со сериозен сериски убиец, кој се одмаздува по листата на седумте смртни гревови. Ова е филм кој ќе ве држи во неизвесност до последната минута.

Fight Club

Еден депресивен маж кој страда од несоница запознава чуден продавач на сапуни по има Тајлер. Многу наскоро двајцата заедно формираат подземен клуб со строги правила во кој навечер доаѓаат мажи за да се борат.

Нивното совршено партнерство е ставено на тест кога во нивните животи ќе влезе Марла.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 филмови кои треба да ги погледнете ако се борите со анксиозност На личностите кои живеат со анксиозност понекогаш им е навистина тешко да с...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg