10 шпански мистерии кои навистина ќе ве фасцинираат

6. La Cara Oculta / The hidden face, 2011

Психолошки трилер кој ги открива принципите на основните инстинкти и чувствата на вина, предавство и стравот кој може да го донесе љубовта.

Адријан е млад диригент кој пронаоѓа видео во кое неговата девојка Белен му вели дека го напушта.

Тој е очаен. Додека својата тага ја лекува со алкохол, во еден бар запознава млада девојка која за брзо ќе се пресели во неговата куќа.

Адријан станува осомничен за исчезнување на неговата поранешна девојка Белен, но инспекторите не можат да го докажат тоа.

7. El Cuerpo / The Body, 2012

Кога среде ноќна смена чуварот на мртовечницата се сретнува со необјаснива и морничава глетка, во обид да избега и да побара помош, доживува сериозна сообраќајна несреќа и завршува во кома. 

Исто така, телото на успешна деловна жена која починала од срцев удар, исчезнува од мртовечницата. 

Но, дали навистина е така?

Што и да претпоставите - нема да бидете во право!

8. La Isla Minima / Marshland, 2014

Заплетот на Најмалиот остров (La isla mínima) е поставен во мал град, во рурална област, на југот на Шпанија во 1980 година, каде двајца детективи Хуан и Педро ги оставаат своите разлики на страна и работат заедно за да го пронајдат убиецот кој изврши серија брутални убиства на тинејџери.

Со секој чекор случајот сѐ повеќе се комплицира, а со тоа се зголемува и бројката на луѓе кои се вклучени во истрагата.

Крајот на филмот е прилично нејасен, но сигурно ќе бидете задоволни со заклучокот на оваа темна и напната приказна.

9. Que Dios nos perdone / May God Save Us, 2016 

Локацијата е поставена во Мадрид во 2011 година, кога двајца детективи треба по секоја цена да фатат сериски убиец.

Двајцата имаат специфично минато коешто треба да го држат на страна.

Во исто време, голем број верници се собираат на улиците поради посетата на папата Хуан Пабло Втори.

Ова ги отежнувa чекорите на детективите.

Нивното немилосрдно пребарување ќе ги натера да сфатат дека тие не се многу различни од човекот кој се обидуваат да го фатат.

Филм кој со сигурност нема да ве изневери.

10. Contratiempo / The Invisible Guest, 2016

Дефинитивно еден од најфасцинантните трилери во последните 10 години, а можеби и подолго.

Овој филм ја следи приказната за еден млад и богат бизнисмен Адријан, кој работи со својата адвокатка Вирџинија бидејќи е осомничен за убиството на својата љубовница Лора.

Со ова мистериозно злосторство, Вирџинија го принудува Адријан да се соочи со друга вистина - сообраќајна несреќа каде што тој и Лора случајно убиле едно момче.

Овој филм ќе ве натера да се сомневате во апсолутната вистина, која всушност ќе ја откриете буквално во последните две минути.

Мила М. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg