10 шпански мистерии кои навистина ќе ве фасцинираат

Шпанската кинематографија многупати досега ја докажа својата брилијантност.

10-shpanski-misterii-koi-navistina-kje-ve-fasciniraat 01 630x340.jpg

За љубителите на таинственоста и возбудата овој пат ги одделуваме десетте најдобри трилер мистерии на шпански јазик кои ќе ги одржат вашата неизвесност и внимание до самиот крај.

Во продолжение e нашата листа:

1. El Orfanato / The orphange, 2007

Приказна за жената по име Лаура која го враќа своето семејство во својот некогашен дом, кој всушност порано бил сиропиталиште за хендикепирани деца.

Кратко време по преселбата нејзиниот син Симон започнува да комуницира со невидлив нов пријател.

Овој мистичен хорор сѐ уште важи за еден од најдобрите на шпанското филмско платно.

2. REC, 2007

ТВ водителката Ангела и нејзиниот пријател, кинематографер работат на снимање на животот на пожарникарите во Барселона.

Откако конечно ќе ја добијат пораката за интервенција, противпожарната служба и ТВ-екипажот се упатуваат на работа.

Качувајќи се во зградата за да и помогнат на една жена која е заглавена во својот стан, слушаат одвратни нечовечки крици.

Се искачуваат, не знаејќи каков хорор ги чека..

3. El secreto de sus ojos / The secret in Their Eyes, 2009

Бењамин Еспосито целиот свој живот го поминал работејќи на суд, а по неговото пензионирање тој решава да напише роман заснован на инцидент од реалниот живот во којшто бил вклучен: случај на силување и убиство на убава млада жена во 1974 година.

Иако неговото одделение веќе пронашло двајца осомничени, тој и еден негов колега се убедени дека убиецот е некој друг.

Оттука започнува расплетот.

4. Los ojos de Julia / Julia’s Eyes, 2010

Овој филм е прогласен за најдобриот психо-трилер со примеси на хорор елементи.

Тој започнува со мистериозната смрт на една жена.

Потоа, филмот се претвора во детективска приказна каде сестрата на жртвата се обидува да открие што всушност се случило.

Оваа детективска приказна навидум изгледа прилично стандардна, но само на некое време.

Се појавува ново дело и докази, па така истражувањето го продолжува својот тек.

5. La piel que habito / The skin I Live In, 2011

Откако неговата жена ќе почине во сообраќајна несреќа, Др. Роберт Ледгард, прочуен пластичен хирург работи на создавање на вештачка кожа која е отпорна на надворешни влијанија.

Наскоро докторот наидува на нова трагедија, но овој пат таа има виновник.

Тој решава да тргне на пат без враќање - пат кон одмазда..

Уште 5 мистерии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg