Инспиративни филмови што вистински ќе ви го променат животот

The Theory of Everything

The Theory of Everything ја раскажува приказната на познатиот физичар Стивен Хокинг.

Откако Хокинг добива дијагноза за амиотрофична латерална склероза и дознава дека ќе живее најмногу 2 години, тој ја гради најимпресивната кариера и станува светски познат физичар.

Професор Хокинг постигнал многу, особено кога ќе ги земете предвид сите пречки со коишто се соочил. Па, неговата животна приказна е ништо помалку од инспиративна.

The Boy Who Harnessed the Wind

Вилијам Камквамба е ученик кој во слободно време поправа радија и му помага на семејството. Кога одеднаш неговата заедница е соочена со глад, тој знае дека мора да направи нешто.

Па, Вилијам успева да изгради пумпа за вода напојувана од воденица, користејќи го знаењето од училиште.

Влијанието на Вилијам врз неговите луѓе е неверојатно. Ретко кој може да каже дека ја спасил својата заедница на ваков начин, а оваа приказна ќе ве убеди дека секој може да направи сè.

Summer of ’92

Во 1992-ра, Источна Европа е опустошена од внатрешните воени конфликти кои го обележуваат распадот на Југославија.

Истото лето се организира фудбалски турнир, но Југославија нема како да склопи свој тим. Поради ова, во игра влегува Данска, а играчите не се ни свесни дека ќе го прослават својот најголем триумф.

Ова не е филм за фудбал, туку ова е приказна за зграпчување на можноста. Овој филм ќе ве научи дека треба да бидете подготвени, но и дека треба да ја надминете конкуренцијата со страст.

George Harrison Living in the Material World

Инспириран од насловот на четвртиот соло албум на Џорџ Харисон, овој документарец е режиран од Мартин Скорсезе.

Документарецот раскажува за животот на Џорџ во Ливерпул, кариерата со Beatles и неговите врски со пријателите и семејството. Голем дел од снимките прв пат се појавуваат во документарецот, па не е ни чудо што го сакаат многумина.

Оваа трогателна приказна сигурно ќе направи да се чувствувате добро и ќе ве натера да продолжите напред без разлика на сè.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg