Инспиративни филмови што вистински ќе ви го променат животот

Сега е период кога сите размислуваат за промените што сакаат да ги направат во новата година. Но покрај желбата, понекогаш сигурно ви е потребна и инспирација за да направите нешто во врска со вашите цели.

inspirativni-filmovi-shto-vistinski-kje-vi-go-promenat-zhivotot-01.jpg

А, зарем има подобра мотивација од инспиративните филмови? Следниот пат кога ќе гледате филм, одберете нешто што вистински ќе ве инспирира.

Доколку немате идеја, во продолжение погледнете неколку одлични предлози:

Good Will Hunting

Ова е приказна за неоткриениот генијалец Вил Хантинг. Вил работи како чистач на еден универзитет, кога еден професор сфаќа дека тој е математички гениј.

Вил почнува да ја изучува математиката со професорот, а за време на нивните средби дознаваме за неговото проблематично детство и за сите битки што ги водел во текот на животот.

На крајот од филмот ќе сфатите дека е потребна само една можност за вистински да ви се промени животот.

Покрај тоа, главните улоги им припаѓаат на Робин Вилијамс и Мет Дејмон, па ова е филм што нема да ве разочара.

Saving Mr. Banks

Во овој филм го гледаме Том Хенкс во улогата на Волт Дизни, кој сака да ја адаптира познатата книга на П.Л. Траверс - „Мери Попинс“. Но, Траверс има друга замисла за адаптацијата, а целиот филм открива дека „Мери Попинс“ е многу поразлична книга од она што сме го замислиле.

Филмот е исполнет со преговарањата помеѓу Дизни и Траверс, како и сцени од детството на писателката. Целата приказна е забавна и топла и ќе направи да се чувствувате исто добро како да ја читате „Мери Попинс“.

About A Boy

Овој филм е адаптација на една од неколкуте новели на Ник Хорнби што се екранизирани.

Главниот лик, Вил Фримен, успешно ги избегнува обврските и живее од заработката на татко му. Случајно, тој го запознава Маркус и неговата мајка Фиона.

Со цел да им го привлече вниманието на жените, Вил почнува да го претставува Маркус како негов син. Но, по некое време ја сфаќа грешката во неговите постапки.

Иако филмот обработува теми како врсничко насилство и самоубиство, секоја сцена ќе направи да се чувствувате подобро.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg