Новогодишни цртани што треба да им се „препишат“ на сите кои престанале да веруваат во чуда

The Night Before Christmas

Ова е филм за божиќните авантури на Том и Џери. Цртанот е од 1941-ва и сигурно ќе ве врати во детството.

Rudolph the Red-Nosed Reindeer

Рудолф е еден од ирвасите на Дедо Мраз. За разлика од другите ирваси, Рудолф има црвено носе што свети. Но, ова му претставува проблем, па тој не може да се вклопи во неговото опкружување.

The Year Without a Santa Claus

Ова е приказна раскажана од сопругата на Дедо Мраз. Во приказната, Дедо Мраз се разболува и одлучува наместо да им носи подароци на децата, за Божиќ да оди на одмор. Кога двајца негови работници дознаваат за ова, тие се бидуваат да го спасат Божиќ, но ситуацијата не е толку едноставна.

Arthur Christmas

Во овој цртан имаме можност да го видиме „модерниот“ Дедо Мраз, кој користи технологија за да ги разнесе подароците. Кога несмасниот син на Дедо Мраз, Артур, сфаќа дека поради грешка во технологијата едно девојче не го добило нејзиниот подарок, тој тргнува на мисија да ја исправи работата.

Beauty and the Beast: The Enchanted Christmas

Секој ја знае приказната за убавицата и ѕверот. Во овој цртан, Бел го подготвува замокот за Божиќ, и покрај тоа што ѕверот го мрази. Но Форте, човекот кој бил претворен во оргули се обидува да ја натера Бел да си замине од замокот, бидејќи се плаши дека таа ќе ја тргне клетвата.

Pettson & Findus – Tomtemaskinen

Старецот Петсон неговиот мачор Финдус живеат на мала фарма во Шведска. Наближува Божиќ, а Петсон му ветува на Финдус дека Дедо Мраз ќе му донесе подарок. За да не го разочара, Петсон почнува да прави механички Дедо Мраз, но нештата не одат по план.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg