Новогодишни цртани што треба да им се „препишат“ на сите кои престанале да веруваат во чуда

Дали веќе ја чувствувате празничната атмосфера? Аромата на цимет, украсените прозорци, накитените елки, но и новогодишните цртани се нештата што ја прават оваа сезона навистина магична.

novogodishni-crtani-shto-treba-da-im-se-prepishat-na-site-koi-prestanale-da-veruvaat-vo-chuda-01.jpg

Ова е период кога сите навистина веруваат во чуда, но за жал, постојат и оние кои ја изгубиле таа способност.

На овие луѓе треба да им се „препише божиќна терапија“, а следниве цртани се најдобриот рецепт за тоа:

Mickey’s Christmas Carol

Во овој цртан е прикажано дејството од класичната приказна на Дикенс - „A Christmas Carol“, овојпат преку ликовите на Мики и неговата дружина.

https://www.youtube.com/watch?v=ByAINYDyFXs

Prep & Landing

На Божиќ, елфот-почетник Лени и неговиот искусен колега Вејн треба да ги направат подготовките за пристигнувањето на Дедо Мраз. Но поради неискусноста на Лени, сите работи тргнуваат во погрешна насока.

The Snowman

Едно момче прави магичен снешко на Божиќ и ја има најдобрата празнична сезона досега.

Овој цртан е направен според сликовницата на Рејмонд Бригс, во која нема ниту еден дијалог или збор.

The Nightmare Before Christmas

Градот Halloween e дом на секакви страшни суштества кои сакаат да ги плашат децата. Но кога главниот лик, Џек Скелингтон, ќе дознае за Божиќ и за радоста и љубовта во овој период, тој почнува да крои злобен план…

How the Grinch Stole Christmas

Цртанот е направен според истоимената приказна на Доктор Сус. Гринч живее на врвот на еден рид и го мрази Божиќ. Еден ден тој решава да го уништи празникот за сите, па се преправа во Дедо Мраз и ги кради божиќните подароци.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg