Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


„Романтични“ хорор филмови совршени за месецот на љубовта

Вечера и филм е одлична комбинација за класичен состанок, а доколку сте во врска, веројатно вака ќе го поминете и Денот на вљубените.

romantichni-horor-filmov-sovrsheni-za-denot-na-vljubenite-01.jpg

Но доколку не ви се гледаат вообичаените љубовни драми и комедии и сакате нешто пострашно, зошто да не му дадете шанса на некој хорор филм?

А, бидејќи ќе ја славите вашата љубов, сигурно ќе ви се допаднат овие хорор филмови со љубовна тематика:

My Bloody Valentine (2009)

Ова е римејк на истоимениот филм од 1981-ва.

Том е рудар кој се враќа дома 10 години после масакрот кој се случил на Денот на вљубените. Набрзо сфаќа дека постои уште еден убиец, а тој станува главниот осомничен. Единствено неговата поранешна девојка е убедена дека тој е невин.

Valentine (2001)

Неколку девојки му приредиле невкусна шега на бубалицата од нивниот клас. 13 години подоцна, тие почнуваат да добиваат морбидни „љубовни“ пораки. Наближува Денот на вљубените, а 4-те другарки стануваат мета на убиец кој носи маска на Купидон.

It Follows (2014)

Двајца средношколци, Џеј и Хју, имаат секс на Денот на вљубените. Но наскоро, Џеј открива дека „закачила“ нешто многу пострашно од сексуално пренослива болест. Џеј сфаќа дека ја следи демон, кој таа мора да му го „пренесе“ на некој друг доколку сака да се спаси.

The Invitation (2015)

Еден пар е на вчера со пријатели со кои не прозбореле цели две години. За време на вечерата, домаќините почнуваат да зборуваат за некоја група наречена The Invitation. Но, според она што го кажуваат, сè повеќе станува јасно дека групата најверојатно е култ.

Warm Bodies (2013)

Овој филм е романтична комедија со зомби. Главниот лик во филмот е R, личност која станала зомби пред 8 години, за време на зомби апокалипса. Неговиот внатрешен монолог е всушност нарацијата во филмот, кој ја раскажува љубовната приказна на R и една девојка.

The Love Witch (2016)

Можеби овој филм не е напнат колку останатите на листава, но дефинитивно има морничави сцени. Филмот започнува со вештерка која прави магија што ги тера мажите да се вљубат во неа. Но, набрзо сфаќа дека нејзината магија има и несакан ефект – смрт.

Bride of Chucky (1998)

Секој ги знае филмовите за злобната кукла Чаки која сака да убива. Овојпат, Чаки ги тероризира луѓето заедно со неговата невеста. За разлика од останатите филмови со Чаки, овој филм се фокусира само на злобната кукла.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg