Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Се инспирирал од сопствениот живот, актерите немале идеја во каков филм ќе глумат - 10 интересни факти за оскаровскиот Parasite

Несомнено, хитот на овогодишните Оскари беше корејскиот филм Parasite. 

11-interesni-fakti-za-Parasite-01.jpg

Освојувајќи дури 4 златни статуетки – Најдобар филм, Најдобар режисер, Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и Најдобро оригинално сценарио, филмот едноставно ве мами да го изгледате доколку веќе не сте го сториле тоа.

Всушност, Parasite е фасцинантен филм од многу аспекти, а овие 11 интересни факти ќе ви ја докажат неговата уникатност:

1. Оригиналниот наслов на филмот гласел The Décalcomanie. Во превод овој збор ја означува „уметноста или процесот на пренесување на слики и дизајни на порцелан, стакло, мермер, итн., и нивното трајно прицврстување на истите“.

Сценаристот и режисерот Bong Joon-ho објаснил дека станува збор за дизајн подготвен на специјална хартија за трајно пренесување на друга површина, како што е стакло или порцелан. Но, доколку погледнете одблиску, ќе сфатите дека не се всушност идентични. Во принцип слично како и со двете фамилии во филмот.

11-interesni-fakti-za-Parasite (1).jpg

2. Куќата на семејството Ким, уличките, целото соседство со куќички биле изградени во студио и истовремено ја играле улогата на огромен базен. Уметничкиот оддел посетил и многу напуштени домови кои наскоро требало да бидат целосно срушени со цел да се соберат повеќе реквизити и материјали за филмот.

11-interesni-fakti-za-Parasite (2).jpg

3. Првиот кат и тревникот пред куќата на семејството Парк биле изградени на празен плац во областа Jeonju во Јужна Кореја. На вториот кат бил поставен огромен зелен екран и истиот бил дигитално додаден.

Секоја соба во куќата била засебно направена на различни звучни сцени. Режисерот тврди дека филмот има скоро 480 снимки со визуелни ефекти, но никогаш не можеме да го почувствуваме тоа во него.

11-interesni-fakti-za-Parasite (3).jpg

4. Филмот бил почетно замислен како театарска претстава. Bong Joon-ho ја добил идејата во 2013 година. Доколку му се остварила оваа замисла, на сцената ќе требало да бидат поставени двете различни куќи една спроти друга. 

11-interesni-fakti-za-Parasite (4).jpg

5. Режисерот ја добил инспирацијата за филмот според сопствениот живот. Работел како тутор за многу богато семејство додека бил на факултет и честопати се чувствувал како да ги шпионира. 

Нему му била покажана дури и приватната сауна од страна на момчето на коешто му бил тутор и ова го вклучил и во филмот.

11-interesni-fakti-za-Parasite (5).jpg

6. Двајцата главни актери Choi Woo-shik и Song Kang-ho немале никаква идеја за каков филм станува збор кога ги прифатиле улогите.

И двајцата работеле со режисерот претходно на други проекти и безрезервно му верувале. Choi работел со режисерот на филмот Ojka, а Song во филмовите Memories of Murder, The Host и Snowpiercer.

11-interesni-fakti-za-Parasite (6).jpg

7. Park So-dam која ја глуми ќерката на сиромашното семејство во филмот исто така не знаела за што се работи во него уште пред да ја прифати улогата.

Само знаела дека ќе ја глуми ќерката на актерот Song Kang-ho и дека може да ја одбие улогата доколку не ја сака. Секако дека не го сторила тоа. На почетокот мислела дека режисерот се шегува со неа.

11-interesni-fakti-za-Parasite (7).jpg

8. Режисерот Bong бил прилично нервозен дали на главниот актер Song ќе му се допадне сценариото на Parasite. Тој дури изјавил дека доколку не му се допаднело, немало да оди докрај со проектот.

Немал замена за него. Сметал дека само тој може да ја долови улогата како што заслужува филмот.

11-interesni-fakti-za-Parasite (8).jpg

9. Зборот „Ram-dom“ всушност бил креиран од страна на преведувачот на филмот и означува јадење кое се состои од 2 различни вкусови на инстант тестенини: црн грав и зачинета морска храна. 

Оригиналниот назив на оброкот гласи jjapaguri и истиот бил тешко да се преведе бидејќи претставува комбинација од 2 брендирани имиња.

11-interesni-fakti-za-Parasite (9).jpg

10. Режисерот не планирал да вклучи толку многу вода во сценариото, но сфатил дека во текот на поплавата водата тече од горе кон долу и тоа е трагичниот и тажниот елемент во филмот. 

Водата тече од богатите кон сиромашните луѓе, никогаш не тече во обратната насока, ќе изјави режисерот.

11-interesni-fakti-za-Parasite (10).jpg

На крајот, и покрај сонот на крајот од филмот, пресметано е дека на Kim Ki-woo ќе му бидат потребни вкупно 540 години за да го купи домот во којшто е заробен неговиот татко, според просечната плата којашто ја добива.

11-interesni-fakti-za-Parasite (11).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg