Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


5 филмови кои особено ќе ги воодушеват тинејџеритe интроверти

Сите ние сакаме филмови, особено такви со кои можеме на некој сопствен начин да се поврземе.

5-filmovi-koi-osobeno-kje-gi-voodushevat-tinejdzerite-introverti-01.jpg

Филмовите за интровертите се големи фаворити кај навистина голем процент од човековата популација, а секако особено им се допаѓаат на интровертните личности.

Нема ништо „поудобно“ од гледањето на ликови кои го доживуваат светот на истиот начин како и ние.

Интровертните филмови ни покажуваат дека нашиот карактер во никој случај не претставува ограничување на нашите соништа.

Исто така, тие ни покажуваат дека за да се чувствувате исполнети, не мора да бидете најгласната и највозбудливата личност во просторијата.

Во продолжение ви претставуваме 5 одлични филмови во кои интровертите, а особено тинејџерите целосно ќе уживаат:

1. „The First Time“

„The First Time“ е навистина еден од најдобрите филмови за интровертите, особено за оние кои „запливале“ во тинејџерските години.

Станува збор за приказна во која главната улога ја имаат двајца интроверти, кои се вљубуваат еден во друг и покрај нивните несигурности.

Дејв (Дилан О’Брајан), „социјално непријатен“, но во суштина навистина „кул“ лик, се среќава со Обри (Брит Робертсон), навидум самоуверена, но тотално „затворена“ девојка.

Откако забавата ќе биде прекината од полицијата, двајцата млади луѓе завршуваат во куќата на Обри и ја минуваат ноќта споделувајќи ги своите најскриени мисли.

Како што приказната напредува, нивните чувства стануваат сѐ подлабоки.

https://www.youtube.com/watch?v=-K3DPrrP2nw

2. „The Perks of Being A Wallflower“

Овој култен класичен хит се појавува во речиси секоја листа на филмови за интровертите.

Тој ги поседува сите потребни интровертни карактеристики, засновани на животот на тинејџерите „аутсајдери“.

Филм заснован на истоимениот роман од 1999 година, напишан од Стивен Чбоски.

„The Perks of Being A Wallflower“ е познат по својата релевантна слика, односно интровертната личност која ја поседува главниот лик.

Чарли (Логан Лерман) е бруцош во средно училиште кој по самоубиството на неговиот најдобар пријател сосема се повлекува.

На крајот, тој се среќава со Сем и Патрик (Ема Вотсон и Езра Милер), сениори во истото училиште.

Самоувереното дуо, иако сè уште „аутсајдери“, го забележуваат неговиот недостаток на пријатели и прават сѐ за да му се доближат.

3. „Superbad“

Иако можеби не се наоѓа на повеќето листи на интровертни филмови, „Superbad“ е филм кој признаен како еден од прилично добрите.

Тој раскажува класична приказна за „незгодни“ тинејџери кои сонуваат да бидат „кул“, да си најдат девојка и да одат на забавата на годината.

Сет и Итан (Џона Хил и Мајкл Цера) се најдобри пријатели.

Сет е помалку екстроверт, во очајнички погрешен обид да биде популарен. Од друга страна, Итан е класичен интроверт.

Тој ужива во неговиот тивок живот малкуте пријатели кои ги поседува.

Овие ликови се совршени стереотипи за тинејџери со тотално релативни несигурности и чудни соништа.

4. „Garden State“

Ако барате уметнички филм кој ќе ви го стопли срцето, еден од одличните избори е „Garden State“ на Зак Браф.

Ликовите во овој филм се стереотипни интроверти кои се борат со сопствените емотивни проблеми и бараат нешто подобро за себе.

Ендру ги наоѓа лековите на кои неговиот татко-психијатар го присилувал како дете и тој почнува поинаку да го гледа светот.

Тој се среќава со слична жена, Сем (Натали Портман), која е интровертна, но всушност е неговата чудна, шарена спротивност.

Со неа тој го запознава посветлиот начин на живот и покрај тоа што се бори со сопствената интроверзија.

5. „Frozen“

Кој би помислил дека филм на Дизни може да биде толку симболичен?

Се вели дека овој масовен филмски хит е метафора за интровертната/екстравертната врска.

Ана, похрабрата, социјализирана сестра е претставена како екстраверт, додека Елса е веројатно спротивното.

Таа е принудена да се затвори себеси поради моќите кои ги поседува.

Овој филм, исто така ни покажува дека постојат повеќе видови на интроверти. Не секој интроверт е тивок или срамежлив.

Елса поседува силна волја и е далеку од несоцијализирана, но всушност претпочита да биде сама поради состојбата во која се наоѓа.

Овој вид на интроверзија навистина често се среќава. Обично, интровертите имаат енергија кои ја губат во друштвото на други луѓе.

Овој филм е навистина извонреден, со самото тоа што Елса на крајот сфаќа дека љубовта од нејзините најблиски  помага да се преброди секоја потешкотија.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg