„Зошто жените убиваат?“ и уште 5 одлични серии кои ќе ве остават без спиење

Одвојте си доволно слободно време, тоа е советот што го имаме за вас уште на самиот почеток. Овие ТВ серии целосно ќе ве обземат и нема да можете да сопрете со гледање додека не стигнете до последната епизода.

Zosto-zenite-ubivaat-i-uste-5-odlicni-serii-01.jpg

Што може да започнете да гледате уште денес?

Why Women Kill

Три жени, три различни декади. Заедничко? Сите во одреден период од животот живееле во истата куќа и нивните мажи кријат огромни тајни од нив.

Бет Ен живее во ’60-тите години и практично е дефиниција за послушна домаќинка. Симон е џет сетер која живее на висока нога во текот на ’70-тите години. И конечно, во 2019 година ги имаме Тејлор и Илај кои практикуваат „отворена врска“… што ќе се случи со сите овие различни парови?

Sex Education

Отис е речиси незабележлив во неговото училиште. Тој го има најдобриот другар покрај себе, хомосексуалецот Ерик, и неговата мајка дома.

Доктор Џин Милбурн е експерт за секс… што прилично многу му го отежнува животот на Отис. Сè додека не добие брилијантна идеја. Да им дава сексуални совети и насоки на неговите соученици.

Locke & Key

Тројца браќа и сестри по убиството на нивниот татко се селат имот наследен од нивните предци. Таму ги откриваат магичните клучеви на нивниот нов дом. Но, истовремено започнува и борбата против злобно суштество кое ги сака клучевите и нивните моќи.

The Witcher

Џералд од Ривија, осамен ловец на чудовишта, се бори да го најде своето место во светот во кој луѓето честопати се покажуваат повеќе злобни ѕверови.

You

Со завршени две сезони и третата на повидок, запознајте го Џо – харизматичен, интелигентен млад човек за кого вљубувањето е сериозна работа. Толку сериозна што може да води кон посесивност, следење и насилство.

Fleabag

Серијата е завршена со вкупно 2 сезони кои го следат животот на младата девојка чие име не се споменува никогаш. Таа закрепнува по смртта на својата најдобра пријателка, обидувајќи се да го одржи во живот кафулето кое го отвориле заедно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои треба да ги погледнете ако се борите со анксиозност На личностите кои живеат со анксиозност понекогаш им е навистина тешко да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg