10 корејски филмови кои се исто добри колку и оскаровецот „Parasite“

Salinui chueok (2003)

Ова е уште еден филм на режисерот на „Parasite“, Бонг Џун Хо.

Во 1986-та во една мала корејска провинција се пронајдени телата на четири жени кои биле силувани. Двајца детективи, од кои едниот не знае ништо за решавање убиства, мораат да откријат што се случило.

Ова е еден од најпопуларните филмови во Кореја.

https://www.youtube.com/watch?v=NtOutxGJK5o

Bom yeoreum gaeul gyeoul geurigo bom (2003)

Ова е приказна за еден будистички свештеник и неговиот ученик кои живеат сред езеро. Како што ученикот расте, открива дека светот е полн со искушенија.

Овој филм е уметничко ремек-дело и иако на моменти може да биде и непријатен за гледање, пораката што ја носи е многу важна.

Ah-ga-ssi (2006)

Ова е филм на режисерот на „Oldeuboi“ и раскажува за девојка која станува куќна помошничка во едно богато семејство. Но, девојката има за цел да разоткрие голема тајна во семејството.

Овој филм не е добар само поради одличните пресврти, туку и поради кадрите. Голем дел од нив наликуваат на вистински уметнички идела. Имајте на ум дека филмот има и неколку вознемирувачки сцени.

Sinsegye (2013)

Еден прикриен полицаец е член на корејската мафија многу години, и тоа со значајна позиција. Но, набрзо сфаќа дека е навистина тешко да глуми и полицаец и негативец.

Ако ви се допаднале филмовите „Godfather“ или „The Departed“, сигурно ќе ви се допадне и овој филм.

Bin-jip (2004)

Еден маж живее во куќи во кои сопствениците не се дома. Во една од овие куќи, тој среќава чудна жена која е веќе изморена од нејзиниот брак. Па, таа решава да му се придружи во неговите авантури.

Ова е навистина чуден филм, а самото дејството е целосно непредвидливо. Всушност, не се ни обидувајте да претпоставите како ќе заврши филмот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg