10 корејски филмови кои се исто добри колку и оскаровецот „Parasite“

„Parasite“ е филм што ќе остане во историја на корејска кинематографија – ова е прв интернационален филм во историјата кој доби Оскар за најдобар филм.

korejski-filmovi-koi-se-isto-dobri-i-kolku-oskarovecot-parasite-01.jpg

„Филмоманите“ веројатно веќе се запознати со некои од најдобрите наслови од корејската кинематографија.

Но, доколку „Parasite“ е единствениот корејски филм што сте го изгледале, и ви се допаднал, тогаш дајте им шанса и на овие филмови од Јужна Кореја:

Sseo-ni (2011)

Поради сплет на околности, 7 девојки кои биле пријателки во средно се разделени цели 25 години. Кога едната од нив е на смртна постела во болница, посакува да ги види пријателките од средно за последен пат.

Овој филм е исполнет со носталгија, има одлична музика од 80-тите и сигурно ќе ве натера да размислите за пријателите што сте ги заборавиле.

Oldeuboi (2003)

Главниот лик во филмот е киднапиран и цели 15 години е држен во заробеништво. Штом повторно ја стекнува својата слобода, тој одлучува да го фати неговиот киднапер и да му се одмазди по секоја цена.

Покрај Parasite, ова е еден од најпрепознатливите корејски филмови. Дури и Тарантино го има наречено „ремек-дело што се појавува еднаш во деценијата“. Само имајте на ум дека филмот има неколку вознемирувачки сцени.

https://www.youtube.com/watch?v=PArwr-HiU_Y

O-jik geu-dae-man (2011)

Ова е љубовна приказна за поранешен боксер и една слепа девојка. Поранешниот боксер води скромен живот и едвај сврзува крај со крај. Но, кога во неговиот живот ќе се појави една слепа девојка, му се менува целата судбина.

Ова е емотивна приказна за чувствата и сите пречки меѓу нив.

Gongdong gyeongbi guyeok JSA (2000)

Филмот раскажува за инцидент на границата на Северна и Јужна Кореја, каде што страдаат луѓе од двете страни. Во инцидентот загинуваат двајца војници, а тим од Шведска има задача да открие што навистина се случило.

Овој филм сака да покаже дека не би постоела ниту една војна без знамиња и идеологии. Ако ви се допадна „1917“, дефинитивно ќе ви се допадне и овој филм.

https://www.youtube.com/watch?v=k-pH4q72_e4

Bakjwi (2009)

И Корејците прават филмови со вампири, но многу подобри од „Twilight“.

Овој филм раскажува за свештеник кој се обидува да најде лек за вирус што ја пустоши Африка. За таа цел, тој доброволно се заразува со вирусот, но наскоро почнува да чувствува интензивна потреба за крв.

Филмот е одличен осврт на приказните со вампири и ја прикажува историјата на овие суштества.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg