5 серии што треба да ги изгледа секоја жена која се цени себеси

Дали сте слушнале за амандманот за еднакви права за којшто група жени, предводени од Глорија Стајнем, со сите сили се обидувале да го изгласаат во американскиот сенат? И дали сте знаеле дека друга група на жени се обидела да ги саботира првите?

5-serii-sto-treba-da-gi-izgleda-sekoja-zena-koja-se-ceni-sebesi-fg.jpg

За ваквите и многу други приказни поврзани со феминизмот и женската моќ и психологија, погледнете ги следните 5 серии:

Mrs. America

Конзервативната активистка и авторка Филис Шлајфли, која воедно е член на Републиканската партија, води борба против усвојување на амандманот за еднакви права помеѓу мажите и жените во Америка, во текот на ’70-тите години. Серијата е според вистинити настани.

Shrill

Ени е новинарка која се бори со несигурности во својот живот. Таа е подготвена да го смени текот на животот што го живее, без да го промени физичкиот изглед. Додека се соочува со лоши момчиња, болни родители и шеф опседнат со совршенство, таа почнува да сфаќа дека е подеднакво добра и вредна како и другите околу неа.

Wanderlust

Џој е психолог која се обидува да ја пронајде искрата во бракот со нејзиниот сопруг, по доживеаната несреќа со велосипед која ги става нивните сексуални активности на пауза. Одеднаш, и Џој и Алан се соочуваат со привлечност кон други луѓе и двајцата се во искушение да извршат неверство.

The Marvelous Mrs Maisel

Што кога ќе дознаете дека вашиот супруг ве изневерува и целиот живот ви се руши како кула од карти? За Миријам „Миџ“ Мејзел ова е повик за освестување. Бидејќи таа е многу повредна и поталентиранa, способна да направи што и да посака.

The Morning Show

Водителот на популарно, утринско ТВ шоу е обвинет за сексуално злоупотребување. Додека неговата ТВ партнерка е во паника како ќе се одвива нејзината кариера понатаму, продуцентите преземаат радикални чекори. Мрачните тајни започнуваат да испливуваат на површината.

https://www.youtube.com/watch?v=eA7D4_qU9jo

Овој продолжен викенд, уживајте во онлајн шопинг! Погледнете ја одличната понуда во продавниците на брендовите на Fashion Group. Купувањето од дома не било никогаш поедноставно - искористете ги поволностите кои ги нудат вашите омилени брендови. Клик тука.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg