Смешни и интелигентни тинејџ-серии кои ќе ви го подобрат денот колку и да се чувствувате очајно

Доколку ви е потребно да го пуштите мозокот „на пасење“ или пак сè што ви треба во моментов е добро, безгрижно смеење, го имате вистинскиот рецепт.

Smesni-i-inteligentni-tinejdz-serii-01.jpg

6 тинејџерски серии кои ќе ве освојат со хуморот и ликовите. Навистина, време е да се опуштиме и добро да се насмееме:

Never Have I Ever

Минди Кејлинг е креаторот на оваа неверојатна ТВ серија, делумно инспирирана од нејзиното детство. Дејви е тинејџерка која не е баш популарна во училиштето. Таа е Индијка во американски свет, а нејзината мајка и братучетка ѝ задаваат дополнителни главоболки.

https://www.youtube.com/watch?v=oy-BTuLdR1c

On My Block

Четворица најдобри пријатели кои растат заедно во Лос Анџелес. Пред нив е средното училиште, замката некој да заврши во улична банда, вљубувањето и опасноста од сите настани заедно.

Sex Education

Отис се соочува со многу проблеми на училиште, но и дома. Најголемиот од нив е што неговата мајка е секс терапевт. Тоа прилично му ги отежнува работите, во љубовта и сексот.

Atypical

Сем е тинејџер со атипичен развој, тој има аутизам. Но, конечно е подготвен да тргне на училиште. Како ќе се справи со реалноста на секојдневните проблеми?

Sweet/Vicious

Џулс и Офелија се другарки кои им се спротивставуваат и одмаздуваат на сите оние кои вршат злоупотреба на нивниот универзитетски кампус. Џулс е совршено добра девојка која во текот на ноќта се претвора во сосема поинаква личност. Двете девојки тргнуваат во одмаздничка мисија.

Please Like Me

Џош поминува низ вистински животни премрежја. Откако неговата девојка ќе му раскине тој сфаќа дека е хомосексуалец. Се враќа назад кај своето семејство за да помогне околу неговата мајка која претходно се обидела да се самоубие.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 филмови кои треба да ги погледнете ако се борите со анксиозност На личностите кои живеат со анксиозност понекогаш им е навистина тешко да с...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg