Филмови со неочекувани пресврти кои ќе ве избезумат

Подготвени за нашите филмски предлози исполнети со пресврти кои нема да ги очекувате? Зарем тоа не е најдобриот, највозбудливиот момент додека гледате некое филмско дело?

Filmovi-so-neocekuvani-presvrti-01.jpg

Одбравме филмови од речиси сите жанрови, а доколку сте расположени за неочекувани пресврти во дејствието одвојте време за:

Trance (2013)

Додека се обидува да си поврати дел од сеќавањето, дилер со уметнички дела бара помош од психотерапевт. Неговиот ум започнува да си игра со реалноста, потиснатите желби и фантазијата.

Another Earth (2011)

Рода е амбициозна студентка чиј живот се вкрстува со оној на Џон во трагична несреќа, во која неговата жена и синот загинуваат. Откако ќе ја отслужи затворската казна, Рода е решена да го поправи распаднатиот живот на Џон.

Arrival (2016)

Луиз Бенкс е експерт по лингвистика, која заедно со својот тим мора да го дешифрира јазикот на вонземјани кои слетуваат на Земјата во мистериозно вселенско летало.

The Best Offer (2013)

Вирџил е директор на престижна аукциска куќа кој се вљубува во млада наследничка. Откако ќе ѝ ја покаже скапоцената колекција на портрети, таа исчезнува со сите негови слики.

Cloud Atlas (2012)

Шест индивидуи кои припаѓаат во различни временски епохи и генерации се соочуваат со влијанијата на човековите постапки не само врз сопствените животи, туку и врз оние на саканите, во светот којшто постојано се менува.

Edge of Tomorrow (2014)

Вилијам Кејџ мора да ја спаси планетата и истребувањето на човечката раса од вонземјани со помошта на Рита, додека самиот е заробен во ден кој постојано се повторува, одново и одново.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg