Која серија на Netflix е прогласена за најдобра и ги победи Stranger Things, The Crown и Peaky Blinders?

Изненадувачки, станува збор за серија од германско говорно подрачје. Научно-фантастичната мистерија со име DARK е изгласана за најдобра оригинална ТВ серија, што значи дека вреди да подготвите пуканки, да седнете и да ја изгледате во еден здив, доколку веќе не сте го сториле тоа.

Koja-serija-na-Netflix-e-proglasena-za-najdobra-01.jpg

Приказната се одвива во мало германско гратче во коешто исчезнуваат три деца и повлекуваат низа настани кои се меѓусебно испреплетени во еден вид на мрежа.

Чудните работи се случуваат во мистериозната шума. Темната пештера води до портал со чија моќ се патува низ времето, во неколку различни декади.

DARK има исклучително комплексна линија на развој на настаните и дефинитивно не е серија за опуштање или некоја во којашто при гледањето може да прошетате до кујната и да се вратите без да стиснете пауза. Бидејќи верувајте, ќе пропуштите многу, макар и за неколку секунди.

Koja-serija-na-Netflix-e-proglasena-za-najdobra (3).jpg

Одличното сценарио, глума и елементот на мистерија придонесоа истата да биде крунисана за најдобра оригинална ТВ серија на Netflix според гласовите на сајтот Rotten Tomatoes.

Повеќе од 2 милиони корисници гласале, а во изборот се нашле 64 серии во продукција на Netflix. Очигледно е дека конкуренцијата била голема, но DARK ги победи и The Crown, Mindhunter, Peaky Blinders па дури и огромниот хит со слична тематика, Stranger Things.

Koja-serija-na-Netflix-e-proglasena-za-najdobra (2).jpg

Koja-serija-na-Netflix-e-proglasena-za-najdobra (1).jpg

На 27 јуни се очекува премиерата на третата сезона, која воедно ќе биде и последна.

Дали сте ја погледнале DARK досега и дали се согласувате со победничкиот избор?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg