„Заробени во истиот ден“ – 10 филмови чии главни ликови го преживуваат истиот ден, одново и одново

Овој тип на филмови ни се особено интересни, бидејќи секогаш на поинаков начин се доловува идејата на самата приказна. Нормално, во списокот го вклучивме неизбежниот „Денот на мрмотот“ (Groundhog Day), како и најновиот „Palm Springs“ со Енди Самберг во главната улога.

Zarobeni-vo-istiot-den-10-filmovi-01.jpg

Изборот вклучува акција, драма, хорор и секако комедија со доза романтика:

Palm Springs

Најлс го преживува истиот ден, одново и одново, заглавен на една свадба, со девојката која не може да ја поднесе. Сè се менува во моментот кога своето внимание ќе го насочи кон Сара, сестрата на невестата.

Edge of Tomorrow

Генералот Вилијам Кејџ е заглавен во истиот ден, кој мора да го преживува одново и одново, додека се обидува да ја спаси планетата Земја од вид на вонземјани кои се обидуваат да ја уништат.

Dead End

Божиќна вечер. Френк Харингтон со семејството обидува да стигне кај семејството на својата сопруга за празникот. За првпат во 20 години решава да испроба скратен пат до нивниот дом, што се покажува како огромна грешка.

Before I Fall

Саманта Кингстон има сè што би посакала една млада девојка: совршено момче, прекрасни пријатели и популарност во училиштето. Но таа ненадејно доживува автомобилска несреќа. На нејзино изненадување, утредента се буди и повторно го преживува истиот ден одново до несреќата.

Happy Death Day

Тереса Гелбман е студентка која се буди одново и одново, заглавена во истиот ден, додека мистериозен убиец со маска не ја убие. Таа е решена да го пронајде вистинскиот убиец зад маската со надеж дека ќе го преживее денот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg