Најлошите филмови кои излегоа досега во 2022 – дали ќе се согласите со изборот?

Иако во првата половина од оваа година имавме одлични филмски остварувања, некои се најдоа на дното од сечии списоци – како кај публиката така и кај критичарите.

Najlosite-filmovi-od-2022-koi-izlegoa-dosega-01.jpg

Неинвентивни, здодевни сценарија, со лош заплет и глума и уште полоши режисери – кои се 10-те најслаби филмови кои излегоа досега во 2022?

Shattered

Крис е осамен милионер кој развива страсна врска со шармантната секси Скај. Таа се појавува ненадејно во неговиот живот како медицинска сестра откако тој е нападнат и повреден од панкер на улица. Сепак, чудното однесување на Скај го тера Крис да се посомнева дека девојката има мрачни скриени намери, особено кога нејзината цимерка умира под загадочни околности.

Warhunt

Авион на американската армија лета над германски Шварцвалд во 1945 година. Одеднаш е обвиен во рој пердуви од врана. Додека авионот вртоглаво паѓа кон земјата, војниците гледаат како пердувите се спојуваат и формираат мистериозна жена во црно.

The 355

Кога тајно оружје ќе падне во рацете на опасни платеници, агент на ЦИА ги здружува силите со тројца меѓународни агенти во смртоносна мисија за да го вратат назад.

The Royal Treatment

Њујоршката фризерка Изи ја зграпчува шансата да работи на свадбата на шармантен принц. Но кога помеѓу нив се појавуваат искри, дали ќе надвладее љубовта или должноста што ја прифатиле?

The King’s Daughter

Потрагата на кралот Луј XIV по бесмртност го наведува да ја украде животната сила на една сирена, потег што дополнително се комплицира откако неговата вонбрачна ќерка ќе ја открие сирената.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg