6 хит серии на Нетфликс на шпански јазик (со љубов, еротика и животни лекции)

Valeria е одлична серија која ќе ви покаже дека најдобриот лек за скршено срце се секогаш најдобрите пријателки.

serii-na-shpanski-jazik-koi-kje-ve-nauchat-mnogu-za-ljubovta-vrskite-i-prijatelstvoto-1.png

Во денешно време на Нетфликс можеме да најдеме безброј предлози, но за да ви заштедиме време за пребарување, ви составивме листа од серии на шпански јазик полни со лекции за љубовта, врските и пријателството.

Сте гледале ли некоја од нив?

Valeria

Ова е одлична серија која ни ја покажува вредноста на пријателството, љубовта и сексот.

Една важна лекција што можеме да ја научиме од Валерија и нејзините пријателки е дека врските се минливи, а најдобриот лек за скршено срце се секогаш најдобрите пријателки.

Четирите најдобри пријателки исто така ќе ве натераат да зборувате отворено за сексот, да уживате во тој чин, да знаете како да се заштитите и да научите да го сакате вашето тело. 

100 días para enamorarse

Прекрасна серија во која одлично е претставено колку ние луѓето сме комплицирани.

Но, сепак, серијата нуди и безброј моменти кои ќе ве замислат и ќе се запрашате дали поминувате доволно време со вашите сакани и дали често им кажувате колку ви значат.

Во серијата ќе запознаете протагонисти со различни приказни, но сите носат со себе животни совети кои барем само малку би можеле да ги послушаме.

Погледнете неколку епизоди и сигурно нема да сакате да престанете да гледате.

El tiempo que te doy

Оваа серија раскажува за процесот на раскинување на еден пар, постепеното создавање доверба, доаѓањето на заљубувањето, взаемната слобода кога постои љубовта, првите сомнежи, тешките искуства споделени како пар, терајќи нè да се сетиме на првиот бакнеж.

Но, тука се и себичноста и кризите што секој пар ги искусува. 

https://www.youtube.com/watch?v=HoerRgtAjNU

Alba

Можеби оваа серија не е од оние романтичните, бидејќи заплетот е навистина тежок, но сепак на крајот ни докажува дека љубовта секогаш победува, а лажните пријатели не можат долго време да го кријат своето вистинско лице.

Приказната раскажува за младата девојка Алба која се враќа во своето село после една година студирање во Мадрид и доживува трагична ноќ кога група момчиња ја силуваат.

Во целата приказна е и нејзиниот дечко Бруно, но што навистина се случува ќе мора сами да откриете!

Toy Boy

Оваа серија е наречена еротски „трилер“, но оди многу подалеку од тоа. 

Интересно во серијата е тоа е што нуди три различни перспективи: онаа на стриптизерите (петте момчиња), онаа на најбогатото семејство на Коста дел Сол и третата која се случува во една адвокатска канцеларија.

Се чудите што можете да научите од оваа серија? Пред да судите, дајте ѝ шанса!

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg